Press "Enter" to skip to content

Заев: Ќе закочам малку со мојот оптимизам но дај боже што поскоро да се отворат преговорите

Неуспехот на самитот во Брисел државата да добие датум за старт на преговорите со Европската унија неодамна резултираше со договор помеѓу партиските лидери за нови петти во низа предвремени парламентарни избори.

Заев на прес-конференција во саботата не го криеше своето разочарување од европските лидери кои не се согласија Македонија да ги започне пристапните преговори, по што најави избори пред кои на 3.јануари 2020 година ќе поднесе оставка од премиерската позиција.

Сега во интервју за „360 Степени“ вели, оптимизот со кој излегуваше во јавноста, ќе го намали.

„Сега јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам, нели бев најголемиот оптимист…Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат да ги отворат поглавјата за нас. Односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“, изјави Заев.

Меѓу другото премиерот на РСМ дополни и дека смета оти неправедно и нефер било што Франција не го кажала својот став порано и потсети дека дури и најголемиот опонент за на државата да и се додели датум, францускиот претседател, Емануел Макрон учествувал во промотивното видео за да ги охрабри граѓаните да гласаат на референдумот за Преспанскиот договор.

„Очекувавме ЕУ да го исполни ветувањето, но не го исполни. Како што реков, направи историска грешка. Сите ветија. Па и Макрон, со самото видео, за кое сум му благодарен, во кое ги повикуваше граѓаните да гласаат на референудмот. Франција и во минатото знаела да биде проблем. Не само за нас, и за други земји. Но, верувавме дека процесите можат да одат паралелно, бидејќи ние се исполнивме. Мора да биде јасно дека причината не сме ние. И Макрон потврди дека тие внатре не се спремни и имаше само позитивни зборови за Македонија. Нефер и неправдата е што Франција не го кажа својот став порано, па и пред да го направиме Преспанскиот договор. Тука е болката“, се пожали Заев.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »