„Жените се рамноправни со мажите во секое поле па и во политиката“ – ова е главниот заклучок на Женската академија за политичко лидерство на Форумот на жени на ЛДП која се одржа викендов во Маврово. „Самиот факт дека на последните парламентарни избори ЛДП имаше повеќе кандидати жени одошто мажи, како и повеќе жени претставнички во Собранието и скоро 50% советнички во советите на локалните самоуправи покажува дека како партија работиме…
Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, советник на поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски денеска во колумна за порталот „Призма“ ја критикуваше одлуката 36 месеци да се стави во мирување прогресивниот данок. „Министерката добро знае дека ефектите од реформата се подобри отколку што се очекуваше. Впрочем, и самата кажа дека „товарот“ од прогресивниот данок го поднеле компаниите. Тоа всушност ѝ е болката. Затоа што и таа, исто како и Вицепремиерот Анѓушев, во…
Претседателот на Здружението на новинари, Младен Чадиковски во дебатната емисија Клик Плус на ТВ21 зборуваше за положбата во која се наоѓаат медиумите како еден од главните причинители за зголеменото ширење на лажни вести. Тој вели дека политиките на претходната власт резултираа со уништена новинарска професија, уништен дигнитет на новинарите и голема недоверба во медиумите. Но, и по поромената на власта недовербата остана, а реформите во медиумите стагнираат. Чадиковски како позитивна…
Македонската влада ниту добила покана, ниту пак се размислува за приклучување кон Евроазиска економска унија, иднината на државата е во Европската унија, потенцираше денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Дел од медиумите објавија дека откако Северна Македонија и Албанија не ги почнаа преговорите со Европската унија, рускиот постојан претставник на ЕУ, Владимир Чижов упатил покана до двете земји за нивно пристапување во Евроазиската унија. „Нема таква покана, ако…

















