Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба во Охрид најави посета на францускиот претседател Емануел Макрон на која ќе побара поддршка за проектот „Мал Шенген“. Вучиќ по состанокот на кој се дискутираше за регионална соработка на Западен Балкан рече дека со дозвола од премиерот Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, истото што ќе го праша Макрон за Србија, ќе го праша и за Македонија и Албанија. „Утре ќе се…
Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, денеска ниту ги потврди ниту ги демантираше информациите дека е можна идна амбасадорка на Република Северна Македонија во САД. Таа рече дека засега приоритет и е Општина Тетово. „За мене тое е едно големо почитување, дека во САД секогаш сум се чуствувала како дома, и тоа е едно големо почитување со оглед на фактот дека за тоа се зборува. Но, уште две години имам…
Директорот на депонијата Дрисла, Горан Ангелов на вечерашната дебата организирана од Младинскиот образовен форум во рамки на кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ на која се дискутираше за загадувањето, тврдеше дека воздухот околу Дрисла е почист од оној во Аеродром и дека депонијата воопшто не го загадува воздухот во Скопје. “Јас живеам во Аеродром и кога одам во Дрисла на работа, таму воздухот е многу поздрав и почист. Тоа го тврдам затоа…
Министерот за животна средина, Насер Нуредини денеска два пати се обиде да ги избегне новинарските прашања поврзани со загадувањето на воздухот во Македонија. Пред почетокот на промоцијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина, министерот одби да одговара на новинарски прашања со изговор дека нема време пред почетокот на настанот. По завршувањето на промоцијата, кога агендата предвиде прашања од присутните, тој повторно се обиде да го избегне одговорот на…

















