Во осум фирми во Италија и две во Македонија изминатиов период биле извршени симултани претреси за да се обезбедат докази за компаниите кои биле инволвирани во злоупотребите со ИПА фондовите што се случувале во Министерството за информатичко општество и администрација од 2014 до 2016 година, дознава ИРЛ од извори во истрагата. Во Италија претреси биле извршени во осум компании од групацијата Латанзио која беше најавувана од Иво Ивановски, поранешен министер…
Јахи Јахиу, државен секретар од редовите на ДУИ во министарството за информатичко општество утрово е приведен поради сомнение за примање поткуп при избор на правно лице за спроведување на проект финансиран од ИПА фондовите. Обвинителството за Јахиу побарало тој да биде задржан во притвор. Покрај Јахиу осомничена во случајот е и Ј. Г. (52) од Скопје, поранешен раководител на одделение во Мнистерството за информатичко општество, која според Обвинителството моментално не…
Никола Груевски за македонските власти е бегалец, за унгарските, пак, азилант. Последните снимки кои што ги објави унгарскиот портал „444“ фрлија ново светло врз озогласениот македонски политичар кој во последно време ќе почне да делува патетично и обезмоќено со своите чести и долги пишувања на социјалните мрежи. Новинари на порталот „444“ минатата недела сосема случајно го забележуваат Груевски во зградата во којашто е и седиштето на нивната редакција, откако унгарските…
Рускиот истражувачки новинар којшто беше приведен во четвртокот во Москва сега е и формално обвинет поради обид да продаде дрога на полицијата откако тие го претресуваа неговиот дом. Доколку биде осуден, тој се соочува со две децении во затвор, но Иван Голунов тврди дека полицијата му ја подметнала дрогата, додека неговите колеги на социјалните мрежи постираа фотографија од полицијата каде што може да се види дека тој е тепан, а…

















