Саџид Џавид, британскиот министер за внатрешни работи ја потпишал одлуката за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД. „Тој со право е зад решетки. Од САД имаме барање за екстрадиција кое утре ќе биде пред суд, а вчера го потпишав и ја потврдив одлуката за екстрадирање која ќе биде пред судот“, изјави Џавид. Со ова се отвора пат, Асанж да биде предаден на Американците кои го теретат основачот…
На тротоарот пред Општина Центар, 50 студенти од Архитектонскиот факултет понудија решенија за урбанистичко преобликување на 15 локации во Дебар Маало, со што ќе се ослободи јавниот простор и ќе биде достапен за користење од страна на сите граѓани. Реконструкцијата на Дебар Маало треба да го подобри квалитетот на секојдневното живеење, внесувајќи зеленило и свежина во сивото пренатрупано подрачје. Изложбата се одржа во рамките на кампањата за подобра животна средина…
Летните дискотеки во Градскиот парк кои што се простираат на површината на поранешниот Луна парк со години работат без лиценци и без договори за земјиштето кое го користат во атрактивниот дел на градот. Иако доаѓала инпекција, тие никогаш не биле затворени. Следната година нема да има летни дискотеки во паркот, ако се оди според планот за градежни активности на Град Скопје за изградба на новиот забавен парк на местото на…
Советот на Град Скопје денеска одлучи да се раскине договорот со италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ и концесијата да се додели на германско-хрватскито конзорциум воден од „Шолц“. „Шолц“ сега е во сопственост на „Чихо Енвајрментал Груп“, една од најголемите кинески компании за рециклирање. Оваа одлука доаѓа по предлог на Градот којшто по шест години постапи по насоките на Управниот суд кој тогаш пресече тендерот да се врати на повторно разгледување. Според…

















