Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена, укажува Венецијанската комисија во документот објавен од порталот „Плусинфо“. „Високо огромни и скапи обврски што законот ги наметнува особено на судските органи се придружени со тешки парични санкции во случај на…
Една година пред парламентарните избори почна раздвижување на медиумскиот пазар. Секојдневно се појавуваат нови информативни интернет портали, чии сопственици никогаш не биле дел од медиумскиот бизнис, ниту пак кадарот доаѓа од новинарската фела. Непознати имиња стојат во импресумот на некои портали, а има и такви кои немаат никаква информација кој е сопственик, иако според текстовите може да се насети од која „политичка кујна“ излегуваат. Неодамна на пазарот се појави нова…
Општините Охрид и Дебарца направија регистар на дивоградби, а Струга, за која градоначалникот Рамиз Мерко тврдеше дека нема, тоа ќе мора да го стори до крајот на октомври. Прогласен е мораториум за градење во Охридскиот регион, а некои нелегални објекти се рушени или се во процес на рушење. Ова се дел од пораките кои македонската делегација предводена од министерот Едмонд Адеми задолжен за мерките на УНЕСКО и градоначалникот на Охрид,…
Телевизијата Канал5 преку правните застапници од канцеларијата Интер Партес побара од новинарката Сашка Цветковска да се извини заради зборовите кажани за директорот на телевизијата Иван Мирчевски. Тие бараат и повлекување на содржината и тврдат дека зборовите на новинарката имале елементи на кривично дело. Редакцијата на ИРЛ го разгледа дописот упатен преку адвокатот Маријaна Џон Филиповска од друштвото Интер Партес. За појаснување, во недела на 29.09.2019г. Сашка Цветковска направи интервју со…

















