Јавното обвинителство отвори нова истрага за Бојан Јовановски во која вклучени се пет физички и едно правно лице за перење пари, измама и помагање. Како што соопштија од Обвинителството, Бојан Јовановски како првоосомничен во новата истрага сторил кривично дело „измама“ како и „перење пари“. Останатите се осомничени дека помагале при извршувањето на измамата, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при перење пари. Правното лице осомничено во случајот,…
Депонијата Дрисла често е во фокусот на медиумите. Особено од моментот кога контроверзните Италијанци му станаа партнери на Градот Скопје. Она што пред седум години започна како сомнителен и нетранспарентен процес, ја доведе Македонија во кавги со Германија, а на анонимните Италијанци им овозможи 7 години да оперираат без инвестиции со најголемата депонија во Европа. По макотрпни тужби, градоначалникот Петре Шилегов реши да ги спроведе судските одлуки и да му…
Двајца министри, претседател на Парламент и претседателка на Антикорупциска комисија, како и невропсихијатар ја отворија работилницата со која се означи почеток на процесот за изготвување Национална стратегија за спречување на корупцијата 2020 – 2024. А, во публиката ракоплескаа министрите Венко Филипче, Дамјан Манчевски, Горан Сугарески, Арбер Адеми, Мила Царовска и голем број пратеници од власта. Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, најави дека во следните два месеца во соработка со повеќе институции,…
Со возило на Брза помош првоосомничениот во т.н случај „Рекет“, Бојан Јовановски, денеска беше изнесен од Обвинителството за организиран криминал каде што требаше пред Русковска да дава исказ. Јовановски беше изнесен на носилки до возилото на медицинската екипа која пристигна во Обвинителството дваесетина минути по доаѓањето на Јовановски. Кратко потоа, адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски пред медиумите изјави дека Јовановски не дал исказ, бидејќи состојбата постојано му била влошена. „Се случи…

















