Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба, а двоецот Боки 13 и Кичеец за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Тројцата обвинети се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“…
Едниот е почесен конзул на Србија во земјава, другиот чека одобрение да стане на Бугарија. Првиот царува во градежниот бизнис, вториот е кралот на офшорите. И двајцата беа функционери на СДСМ, а потоа миленици на Никола Груевски. И двајцата беа осомничени во финансиски афери, но никогаш не поминаа ни ден во затвор. И сега се повторно заедно како дел од најголемата политичка афера „Рекет“. Но, од контроверзни ликови двоецот Силјан…
Секоја фирма и граѓанин што остварува повеќе од еден милион денари годишен обрт е ДДВ обврзник. Законот за ДДВ, со кој секое лице што врши стопанска дејност е ДДВ обврзник, предвидува паричен праг од само еден милион денари. Паричниот праг низ годините поминал низ дузина промени, но со последната измена донесена во 2016 година тој е понизок од било кога. Премиорот Зоран Заев најави исполнување на предизборното ветување и зголемување…
Јавното обвинителство отвори нова истрага за Бојан Јовановски во која вклучени се пет физички и едно правно лице за перење пари, измама и помагање. Како што соопштија од Обвинителството, Бојан Јовановски како првоосомничен во новата истрага сторил кривично дело „измама“ како и „перење пари“. Останатите се осомничени дека помагале при извршувањето на измамата, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при перење пари. Правното лице осомничено во случајот,…

















