Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции по текстот на ИРЛ за лажните сертификати за лична заштитна опрема, односно КН95 маски. Во меѓународното истражување ИРЛ откри дека најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски…
Истражувањето „Несигурни дијагнози” од репортерскиот и креативен тим на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби првата награда за најдобри новинарски трудови за известување поврзано со пандемијата на коронавирусот која што ја доделува Советот на етика во медиумите (СЕММ). Второнаградена е сторијата на телевизија ТВ21 од новинарот Јовица Пауновски, а третата награда ја делат Катерина Топалова од Македонската радио телевизија со сторијата „Дијабетот – втор најголем ризик за коронавирусот“ и редакцијата…
Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева се прогласени за виновни во случајот „Рекет“. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување. Пресудата е првостепена и осудените имаат право на жалба до повисокиот суд – Апелација. Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори лани на 15 јули, кога беше…
Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја отфрли жалбата на Горан Ивановски, директор на РИК Силекс, донесе одлука дека Истражувачката репортерска лабораторија Македонија не ги прекрши етичките и професионалните стандарди. Жалбата на синот на Љубисав Иванов Ѕинго беше поднесена по објавената сторија на ИРЛ со наслов: „Локален шериф Љубисав Иванов Ѕинго: Национални богатства, приватни раце“. Локален шериф Љубисав Иванов Sинго: Национални богатства, приватни раце Советот…

















