Пишуваат Дајана Лазаревски и Лила Караташева Фотографии ИРЛ Македонија Повеќе од пет години Универзална сала не е местото каде се одржуваат концерти, претстави и фестивали. Објектот не е безбеден за публиката, ниту пак има услови зад сцената за уметниците. Однадвор за оние кои не се од Скопје наликува на напуштен објект, но за скопјани Универзална сала е место кое ги чува спомените на многу генерации. За политичарите, пак, овој објект…
По сајбер нападот врз Државната изборна комисија на изборниот ден, Агенцијата за заштита на лични податоци започна постапка на спроведување на супервизија над заштитата на личните податоци во ДИК. Ова за ИРЛ го потврдија од Агенцијата за заштита на лични податоци. Тие проверуваат дали и како се заштитени личните податоци кои се дел од Избирачкиот список. Иако целта на нападот не беше директен упад во серверите на ДИК, сајбер нападот…
Првите партиски пресови по завршувањето на изборниот молк покажуваат дозиран оптимизам, но атмосферата во штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ покажува и несигурност во однос на изборните резултати. Првите партиски пресови се одржаа речиси истовремено, по половина час по завршување на молкот. Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ пресот го одржа на плоштадот пред партиското седиште. Пред белата палата, како што популарно се нарекува седиштето на десничарите околу девет часот почнаа…
Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции по текстот на ИРЛ за лажните сертификати за лична заштитна опрема, односно КН95 маски. Во меѓународното истражување ИРЛ откри дека најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски…

















