Изградбата на пруга е најголемото ветување кое сите партии го даваат пред избори. Така беше и на овие избори. Вчера власта најави нова пруга која треба да ги поврзе Македонија и Албанија. За тоа да се случи треба да се поврзат Струга и Кичево. Владата усвои само информaција дека на Министерството за финанси му дава дозвола да бара кредити и грантови во износ од 426 милиони евра и тоа само…
Мевлудин Алити е човекот кој што не може да добие покана за разговор од институциите. Тој е сопственик на парцелата на која што се гради дивоградбата. Но, ИРЛ открива дека неверојатната приказна за создавањето на бетонското чудовиште пред трговскиот центар „Мавровка“ почнува многу порано од дивата сеча на дрва и пожарот во кафулето „Фонтана“ кога овој човек пред 8 месеци успева да легализира времен објект. Пишуваат: Сашка Цветковска и Александра…
Охридскиот советник, бизнисмен и бегалец од правдата Нефи Усеини го проширува бизнисот. Тој е во бегство, но тоа не го спречи да си отвори нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата Бетон 2020 Н&О ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител. Денес е шестиот ден како полицијата не може да го лоцира Усеини за кого е определена мерка притвор…
Полицијата трага по Нефи Усеини и неговиот брат откако охридскиот суд им одреди мерка притвор во траење од осум дена. Двајцата се осомничени за насилство врз нивни сограѓанин по инцидент што завчера се случил пред познат хотел во Охрид. „Полицијата прави напори да ги лоцира двете лица, но тие се уште не се најдени“, велат од СВР Охрид за Сакамдакажам.мк. Браќата Усеини се бараат за вооружен напад врз нивни сограѓанин…

















