Првиот човек на Инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски, најчесто е во фокусот на јавноста кога воздухот е презагаден и кога се бара акција против оние кои палат огнови на отворени површини и загадуваат.
Во интервју за „Мета“, најавува за нивната потреба од помош од страна на МВР, особено затоа што инспекторите имаат слаби ингеренции и не можат да легитимираат. Но за претстојното зимо, очекува санкции за загадувачите.
„Досега имавме премалку случаи на казнување во однос на тоа колкав град е Скопје и колкаво е загадувањето. Оваа зима ќе биде многу интензивен тој процес на инспектирање и граѓаните ќе можат да видат многу зголемени контроли над индустриските капацитети кои се под наша надлежност бидејќи во Скопје има многу такви објекти чии емисии од оџаците ги надминуваат граничните вредности“, вели Богдановски.