Press "Enter" to skip to content

Бектеши: Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија

Министерот за економија Крешник Бектеши во денешното интервју за „Радио Слободна Европа“ рече дека ДУИ не планира да го менува лидерот на партијата Али Ахмети.

„Али Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија, имајќи предвид дека ние веќе ги решивме сите крупни прашања. Во ДУИ екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот или лидерот“, рече Бектеши.

Бектеши најави дека на Конгресот на партијата кој треба да се одржи на 21 декември, планирани се измени во раководството на ДУИ, но не и за лидерот Ахмети кој на оваа позиција е речиси 18 години.