Press "Enter" to skip to content

Аце Коцевски: Време е за носење на разумни одлуки и промена на приоритетите

Во пределот на планината Готен во општина Радовиш, пожарот сè уште гори и се шири кон општина Василево. Шумски пожар во кој беше зафатена нискостеблеста шума над селото Иловица, Општина Босилово, сега е ставен под контрола и е целосно локализиран, но штетите се сеуште видливи. Голем пожар скоро два дена гореше во близина на селото Церје, општина Пустец, Мала Преспа. Пожарот распространет на површина од 60-тина хектари сеуште претставува закана за селото Ораовец и Војница, на границата помеѓу општините Чашка и Велес. Институциите успешно ги локализираат дузината пожари кои зафатија различни региони на Северна Македонија, но справуваењто со последиците од овие пожари ќе биде еднакво голем предизвик.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, по големиот пожар што ја зафати околината на Велес и езерото Младост ќе им предложи на советниците да ги пренаменат парите за Фестивалот на велешки пити и вино во пошумување и купување на опрема за пожарникарите.

„Одлучив на Советот да му предложам оваа година да не се одржи Фестивалот на велешки пити и вино. Место тоа, средствата што се предвидени во буџетот за таа намена, другите средства што ги предвидувавме со промената на програмите на денешната седница, како и средствата од поддржувачите на фестивалот да ги насочиме,  кон санирање на последиците од пожарот, пошумување на оголените површини и кон обезбедување на професионална лична заштитна опрема за пожарникарите“, изјави Коцевски.

Коцевски по оваа изјава испрати и апел дека е време е за носење на разумни одлуки и промена на приоритетите.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »