Press "Enter" to skip to content

Артан Груби бара фер политичка игра за сите партии

Повеќе од 6.000 амандмани се поднесени на двата предлог закони за имени и дополнување на Изборниот законик, поднесени од помалите политички партии, кои добија поддршка од владејачката СДСМ. Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица со 120 избрани пратеници, а вториот предлог-закон се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници. 5000 амандмани се поднесени од ДУИ, а 600 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметаме дека процесот на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава“, рече Груби, додавајќи дека „правилата на игра за сите политички партии мора да се донесат консензуално во согласност со сите политички партии“.

Груби додаде дека партијата е за разговори, и најави дека утре министерката за правда Рената Дескоска свикала состанок на сите парламентарни, но и вонпарламентарни партии и на претставници на цивилното општество и на други институции, на кои ќе се разговара за изнаоѓање најдобар можен изборен модел и Изборен законик.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »