Перо Арсеновски, директорот на основото училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, придружуван од министерот за образование Арбор Адеми и градоначалналникот на општина Аеродром Златко Марин рече дека покачувањето на платата никогаш нема да биде доволно.
„Ако е до мене, никогаш не е доста“, но во моментот е тоа, тоа. Други го кажуваат тоа“, одговори Арсеновски на новинарско прашање дали покачувањето од 5% за овој месец е доволно.
Првиот ден во новата учебна година помина во сенка на штрајкот на СОНК, поради одлуката на владата, од овој месец да им ги покачи платите на вработените во образованието до 5, а не до 25 % колку што бараат.