Press "Enter" to skip to content

Ахмети: Нема коалиција со некој што не ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство

Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска го одржа четвртиот конгрес, на кој Али Ахмети беше реизбран за лидер на партијата. Тој, пак, од говорница им испрати јасни пораки на интегративците и на другите политички партии.

Освен дека мора да има владеење на правото и проветрување во правосудството, Ахмети рече дека интеграцијата во НАТО и во ЕУ остануваат стратегиски приоритети за партијата и дека секој што нема да ги почитува договорите со Грција и со Бугарија, како и Охридскиот рамковен договор, не може да смета на ДУИ како партнер.

„Нам ни останува да бидеме силни и стабилни во насока на целосно почитување на Охридскиот договор, Преспанскиот договор како и Договорот за добрососедство. Нема враќање назад. Секое настојување за ставање раце на овие три елементи ќе биде соочено со отпор и нас нема да не има за партнери бидејќи се доведува во прашање иднината на нашите граѓани и идните генерации“,

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »