Press "Enter" to skip to content

Адеми: Секој може да слави како сака се додека нема говор на омраза

Во бурата реакции по синоќешното однесување на навивачката група „Шверцери“ во Македонскиот народен театар, одговори и министерот за образование и наука, Арбр Адеми потенцирајќи дека било кој може да слави како сака се додека не шири говор на омраза.

„Шверцери“ во петокот оштетиле дел од инвентарот во МНТ, но според надлежните, одговорноста е кај политичари од ДУИ.

„Радоста, среќата и јубилеите може да ги славиме како што сакаме, сѐ додека не се употребува говор на омраза. Тоа е недозволиво, без разлика од кој и да е. Не сум видел нешто невообичаено. Ако имало говор на омраза го осудувам без разлика од кого е, но ако немало говор на омраза, можеме да славиме. Говорот на омраза или какво било друго поведение коешто би го загрозило редот и мирот, тоа секако го осудуваме, без разлика од кој и да е“, изјави Адеми.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протоколот за соработка со САД, министерот Адеми рече дека нема ништо невообичаено во тоа навивачи да слават јубилеј во културна институција.

„И навивачите можат да бидат културни и да слават во културна институција. Јас би сакала уште почесто во културни институции да слават јубилеи на културен начин“, истакна тој.