Press "Enter" to skip to content

Со едвај година искуство во администрација, кадар на ЛДП ќе седи во надзорен одбор на Државна лотарија

Заев постојано се заканува дека ќе заигра „камшикот“ ако администрацијата не се фати за работа. Себеси се најави како борец против непотизмот  и партизираната и неефикасна администрација. Додека „камшикарот“ на Заев да дојде, коалиционите партнери во Владата секојдневно вработуваат некој свој и тоа во државни компании познати по „мрсните плати“ и големото влијание во милионски бизниси, како на пример секторот енергитка. 

Од неодамна во МЕПСО работи Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ, сестрата на министерот за економија Фатмир Бектеши, потоа синот на поранешниот премиер Владо Бучковски. Медиумите објавија и дека во последните денови пред да се распишат изборите кога има мониторинг на вработувања во државниот сектор вработување на државна сметка добиле и ќерката на независната пратеничка Александрова и синот на пратеникот Мисовски.

Со едвај година искуство во администрација, кадар на ЛДП ќе седи во надзорен одбор на Државна лотарија

Претседател е на младите либерал-демократи, пред една година се вработи во Собранието на РМ, а од минатата недела стана и член на Надзорниот одбор на Државната лотарија на Македонија. Вака со голема брзина се движи кариерата на еден член на партија на власт и тоа од подмладокот на ЛДП.

Работата на Државната лотарија на Македонија отсега ќе ја надгледува 28-годишната Моника Зајкова. Таа на предлог на Владата е назначена на местото на Билјана Аврамоска Ѓореска, која е именувана за директор на Агенција за пошти. И двете се кадар на Либерално демократската партија. Одлуката за избор на Зајкова ја потпишала вицепремиерката Радмила Шекеринска.

Моника Зајкова по професија е правник, магистер од областа на граѓанско право на Факултетот за Правни науки при ФОН. Пред година и пол беше избрана за лидер на младите либералдемократи. Таа во јуни минатата година на јавен оглас била избрана како најдобар кандидат и добила вработување како помлад соработник за стручно – аналитички работи во Кабинетот на претседателот на Парламентот.

На прашањето како помладиот соработник е избран за член на Надзорниот одбор на Државната лотарија и дали и за таму била најдобриот избор, Зајкова ни одговори „Па видете ги критериумите според кој се врши избор“.

Според досегашната пракса за избор на Управни и Надзорни органи во државни институции единствен критериум за избор е партиската припадност и тоа од партија на власт.

Колкав ќе и биде паушалот во Државна лотарија таа вели: „Не знам, не сум прашала“.

Хонорарот што го добиваат членовите на Управни и Надзорни одбори е 10.000 денари, а претседателите земаат по 12.000 денари месечно.

Со изборот за член на Надзорниот одбор 28-годишната Моника Зајкова доби голема моќ. Надзорниот одбор, според Статутот на Државната лотарија, ги избира членовите на Управниот одбор и ја контролира нивната работа. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор е пет години.

Сликата е преземена од Фејзбук профилот на младите либерал-демократи, на кои Зајкова им е претседател.

Во моментов членови на Надзорен одбор се Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Александар Димитриоски, Дејназ Арифи и Моника Зајкова.

Претседател на УП и воедно директор на Државна лотарија е Катица Николовска Прнаркова, а членови се Ѓорѓи Дамјановски, Благоја Лазаревски, Христа Најдонов и Петар Поцков.

Пред четири месеци во Надзорниот одбор Владата го именуваше и Александар Димитријоски од Кавадарци на местото на Јагода Јанковска.

За Александар Димитријоски не можат да се најдат никакви податоци. Но, ИРЛ успеа да го пронајде на социјалната мрежа Фејзбук, под името Александар Кевин Димитријоски. Ни потврди дека е избран за члена на Надзорен одбор на Лотарија на предлог на Владата, но не сакаше да одговори дали е член на некоја политичка партија. Иако на неговиот профил може да се најдат слики кои ги поврзуваат со владејачката СДСМ.

100.000 луѓе бараат место во јавната администрација

Премиерот Зоран Заев на една од дебатите пред референдумот за името минатата година, соопшти дека 100.000 луѓе барале да се вдомат во јавната администрација. Кога граѓаните го прашуваа кога оваа Влада ќе почне да се однесува европски, тој рече дека тоа прво го очекува од неговата партија, но и од сите граѓани во Македонија.

„Еве јас ќе кажам отворени, во моментот 100.000 луѓе бараат работа во јавна администрација. Сакаат ако може уште утре веднаш да влезат на работа. Нема толку места, нема таква можност“, зборуваше Заев пред референдумот.

Заев во секоја прилика кога новинарите ќе го прашаат за преобемната, нееификасна и партизирана администрација, често го спомнува „камшикарот“ како волшебно стапче кое треба да ги дисциплинира неработниците во државниот и јавниот сектор и како можност да се исфилтрира квалитетот од неквалитетот. Тој тоа го говореше и пред референдумот кога ветуваше европска Македонија.

„Една од желбите што ја имаме сите е со доаѓањето на Европа, со отворањето на поглавјата, со сите овие критериуми кои што ни се ставени е да почнеме европски да се однесуваме. И мојата партија, но пред се и сите граѓани во Македонија. Сум рекол дека ќе дојде камшикар којшто ќе не среди како народ и како граѓани и како луѓе и тоа така навистина го мислам симболично“, вети Заев.

Изјавата на премиерот Зоран Заев за администрацијата е на 1.06.12 

Но, додека „камшикарот“ на Заев не е дојден, коалиционите партнери во Владата секојдневно вработуваат некој свој и тоа во државни компании познати по „мрсните плати“. Од неодамна во МЕПСО работи Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ, сестрата на министерот за економија Фатмир Бектеши, потоа синот на поранешниот премиер Владо Бучковски. Медиумите објавија и дека во последните денови пред да се распишат изборите, кога има засилен мониторинг над вработувања во државниот сектор, вработување на државна сметка добиле и ќерката на независната пратеничка Александрова и синот на пратеникот Мисовски.