Press "Enter" to skip to content

Златко Биковски – јавен обвинител и кандидат за Антикорупциска комисија

Изјава на денот

„Претпоставувам дека Јован Илиевски и Сашо Мијалков како роднини имале и лични контакти, но сигурно како носители на функциите имале и професионални контакти. Не би сакал да се впуштам во полето на лични претпоставки и шпекулации дали она што стигало како предметна работа во тоа обвинителство има некаква, еве нека биде, и најблага форма на судир на интерес помеѓу овие две личности и нивните функции и во однос на работењето. Како на тоа обвинителство, така и на целата јавно-обвинителска организација“, изјави на денешното интервју јавниот обвинител Златко Биковски, кој е кандидат за новиот состав на Антикорупциската комисија.

Биковски е обвинител за случајот „Пуч“. А, минатата недела му беше определена дисциплинска мерка – шест месеци да добива третина плата затоа што не постапил навремено и соодветно во истрагата за насилните протести на 27 април.