Press "Enter" to skip to content

Заев пред министрите: Во институциите нема место за оние кои се водат од лични интереси и работат за свои привилегии

Иако дискретно и идиректно, се стекна впечаток дека овие зборови од денешниот говор на премиерот се одговор на нападите во јавноста поради честите скандали кои освен непотизам и партизација, вклучуваат и сомнежи за делење државни зделки и привилегии на лица блиски до власта. 

Веќе нема простор за еуфорија, мора да се почне со реформите, порача премиерот Зоран Заев во денешниот говор пред платото на Владата каде што на официјална церемонија се подигаше знамето на НАТО. По објаснувањето на позитивните аспекти за безбедноста и стабилноста на регионот кои ќе произлезат од овој договор, Заев  пред гостите и пред министрите се закани дека во Македонија правда ќе има, а сите кои позициите и функциите ги користат за свои интереси, ќе одговараат пред законите.

Нашиот правен систем мора да дели правда еднакво на секого, без оглед на етничкото потекло, финансискиот статус, или политичката припадност. Нулта толеранција за Корупцијата. Во институциите нема место за оние кои со своето работење ја изневеруваат довербата, за лични интереси и привилегии. Корумпираните ќе се соочат со одговорноста, рече Заев.

Владејачката партија деновиве е силно критикувана од јавнсоста поради скандалите со партиските и семејни вработувања во државните институции и компании. Министрите Дамјан Манчевски, Радмила Шеќеринска, како и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, застанаа во одбрана на вработувања на роднини и партиски личности во државниот апарат.

Поткупот, личните интереси и привилегиите нема да бидат начин на кој се води бизнисот во нашата земја. Секој мора да ги следи правилата, без оглед колку е голема нивната банкарска сметка, без оглед кои им се пријатели. Сите се еднакви и тие што се од партии и тие што немаат ништо со партии. Сите со еднакви права и сите со еднакви обврска, иако дискретно и идиректно, се стекна впечаток дека овие зборови од денешниот говор на премиерот се одговор на нападите во јавноста поради честите скандали кои освен непотизам и партизација, вклучуваат и сомнежи за делење државни зделки и привилегии на лица блиски до власта.

Во овој дел од својот говор премиерот порача дека ефектите од овие реформи би биле видливи веднаш.

Придружен напис

Партиските членови со притисоци за работа во државно 

Премиерот Зоран Заев на една од дебатите пред референдумот за името минатата година, соопшти дека 100.000 луѓе барале да се вдомат во јавната администрација. Кога граѓаните го прашуваа кога оваа Влада ќе почне да се однесува европски, тој рече дека тоа прво го очекува од неговата партија, но и од сите граѓани во Македонија.

„Еве јас ќе кажам отворени, во моментот 100.000 луѓе бараат работа во јавна администрација. Сакаат ако може уште утре веднаш да влезат на работа. Нема толку места, нема таква можност“, зборуваше Заев пред референдумот.

Заев во секоја прилика кога новинарите ќе го прашаат за преобемната, нееификасна и партизирана администрација, често го спомнува „камшикарот“ како волшебно стапче кое треба да ги дисциплинира неработниците во државниот и јавниот сектор и како можност да се исфилтрира квалитетот од неквалитетот. Тој тоа го говореше и пред референдумот кога ветуваше европска Македонија.

„Една од желбите што ја имаме сите е со доаѓањето на Европа, со отворањето на поглавјата, со сите овие критериуми кои што ни се ставени е да почнеме европски да се однесуваме. И мојата партија, но пред се и сите граѓани во Македонија. Сум рекол дека ќе дојде камшикар којшто ќе не среди како народ и како граѓани и како луѓе и тоа така навистина го мислам симболично“, вети Заев.

Изјавата на премиерот Зоран Заев за администрацијата е на 1.06.12 

Ако се суди по последните скандали и реакциите на јавноста на нив, истите илустираат неодговорно и недомаќинско, па и несолидарно однесување на  претставниците на власта и во владата и во парламентот. , И коалиционите партнери во Владата секојдневно вработуваат некој свој и тоа во државни компании познати по „мрсните плати“. Од неодамна во МЕПСО работи Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ, сестрата на министерот за економија Фатмир Бектеши, потоа синот на поранешниот премиер Владо Бучковски.  Братот и синот на пратеничката Мира Стојчевска од деновиве се вработени во ЕЛЕМ, а таму е и синот на пратеничката Емилија Александрова, инаку братучетка на Сашо Мијалков.  Вработување на државна сметка доби и пратеникот Горан Мисовски.