Претседателот на Собранито Талат Џафери во интервју за Радио Слободна Европа запрашан зошто важнтие закони како тој за Јавното обвинителство се носат зад затворени врати помеѓу лидерите, наместо во Собранието, тој рече дека таква била поставеноста на системот.
Имајќи ја предвид поставеноста на системот, значи политичките партии се претставени преку пратениците, не секогаш лидерите се пратеници и во тој контекст периодот на транзиција којшто предолго трае во нашата земја допринело определени политички теми да се одвиваат надвор од Собранието, односно во рамки на лидерски средби на кој би дале пас, односно би правеле отстапки од почетните позиции поставени со предлог законите. Во тој контекст се остава перцепцијата дека работите се одвиваат надвор од Собранието, но учеството на пратениците во тие преговори си ја задржуваат контролната функција, односно законодавната функција Собранието си ја задржува, но зад завеси, зад затворени врати, ако може така да се каже, рече Џафери во денешното интервју.