Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) Кој е следен и како понатаму – повик за акција до пратениците во Собранието

Вклучете се во повикот за акција заедно да бараме надзорна расправа во Собранието на Република Северна Македонија за расветлување на системските пропусти кои доведоа масовни жртви во пожарот во Кочани, во модуларната болница во Тетово и во двете соообраќајни несреќи во Лаксарци и Бугарија. Доволно се потписи на 15 пратеници од Изборната единица 3 од каде што доаѓаат сите 59 жртви и ќе им пишеме токму ним. 

По злосторството во Кочани никој не се чувстува безбедно. Колективната болка за загубените деца се артикулира во растечки гнев поради корупцијата.

Прашањето е – како понатаму?

За да разбереме како се случуваат несреќи кои никогаш не требало да бидат несреќи мора да зборуваме за Собранието. Токму од таму доаѓа длабоката криза на моралните вредносите на целото општество.

Пратениците се луѓето кои си прогласија три недели одмор по злосторството во Кочани наместо да се појават и да ја претстават својата заедница, своите избирачи и најпосле, своите членови.

Но, затоа се појавија за да го сменат законот за легализација на дивоградби во 2012 – закон по којшто и клубот Пулс непосредно пред да проработи го искористил за да се легализира. Се појавија за да гласаат измени во законот за градење со којшто  привремен објект како модуларна ковид болница од градби влезе во урбана опрема, како клупа или улична саксија. Се појавија за да ги покачат платите и да патните трошоци, Се појавија за ги гласаат измените во Кривичниот законик којшто казните за корупција – за оние кои ја злоупотребиле службената положба да се сведоа на обивање тарфика и едвај и би можеле да се наречат казни.

Ова не е прв пат пратениците среде криза да си одат на одмор.

По истражувањето за пожарот во модуларната болница во Тетово повикавме граѓаните да извршат притисок врз нивните претставници во парламентот и да пратат до пратениците барање да иницираат надзорна расправа за расветлување на причините за пожарот. 1100 граѓани пратија елеконтронска порака – на ниту еден не му беше одговорено. Кога ИРЛ ги побара народните избраници – тие рекоа дека се на летен одмор.

Иако суверенитетот го бараат од граѓаните, со своите акции демонстрираат дека работат само за личните интереси на важните партиски лица од Скопје и нивните бизнис пријатели.

Нашиот нов повик за акција од вас бара да верувате во својата лична моќ и да се ангажирате за да ги потсетиме пратениците на нивните запоставени должности кон нас избирачите, кон вас партиските членови и сите граѓани.

Најпосле, чесните и гневните се мнозинство.

Кликнете на оваа форма за да се вклучите во акцијата.

Бараме од вас, заедно и масовно да ги повикаме пратениците да се вратат на работа сега кога им се потребни на своите избирачи и да иницираат итна надзорна расправа за расветлување на системските пропусти кои доведоа масовни жртви во пожарот во Кочани, во модуларната болница во Тетово и во двете соообраќајни несреќи во Ласкарци и Бугарија.