Во просек секоја година обвинителствата не наоѓаат криминал во над една третина од поднесените кривични пријави од граѓаните, полицијата, државните органи. Ова го покажа анализата на годишните извештаи на јавните обвинителства во период од пет години односно од 2014 до 2018 година. Статистички, најмногу кривични пријави биле отфрлени во 2018 година, дури 41%, и со нив биле опфатени 7313 пријавени лица. Oвие бројки сумарно укажуваат на тоа дека обвинителите не…
Започна судењето за случајот наречен “Рекет”. Полна судница, инекции дијазепам, барање за оштета од 1,5 милион евра од еден не толку омилен бизнисмен – Јордан Камчев. Чувме драматични говори на Катица Јанева, Вилма Рускоска и Бојан Јовановски. Еден молчелив обвинет призна вина – Зоран Милевски Кичеец. ИРЛ ви ја пренесува атмосферата од судницата. 09:30 Граѓаните се навикнати да гледаат репортери и камери пред Судот, особено по 2016 година кога се…
Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Јавното обвинителство изјави дека предметите на СЈО ќе имаат завршница. “Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите…
По седум часа преговори, Заев и Мицкоски од Собранието си заминаа без договор. Новинарите во два часот по полноќ го напуштија Парламентот со по некоја штура информација од преговарачките тимови. Премиерот Зоран Заев пристигна прв во Собранието и им понуди на новинарите да даде изјава. Но, дел од нив го одбија и рекоа дека ќе го чекаат исходот од средбата. По десетина минути дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и точно…

















