Press "Enter" to skip to content

Записник од рочиште го демантира Јовески: Обвинителите го отфрлиле германското вештачење како беспредметно

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и…

Не почна судењето против Жан Митрев, кардиохирургот има нов адвокатски тим

Кардиохирургот Жан Митрев во Кривичниот суд дојде со двајца нови адвокати, што беше причина одбраната да бара одложување на рочиштето. Во адвокатскиот тим на Митрев се приклучија адвокатите Никола Додевски и Никола Лазаров, а следното судење судијката Лидија Петровска го закажа за 5 април. На барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд донесе одлука за забрана  отуѓување и замрзнување на сметките на приватната клиника „Жан Митрев“, како гаранција за евентуална отштета…

Жан Митрев е обвинет за измама со умисла, можна казна до 10 години затвор

Доктор Жан Митрев и неговата приватна болница се обвинети за кривично дело „Измама“. Јавното обвинителство – Скопје по шестмесечна истрага собра докази дека кардиохиургот со умисла ги доведувал во заблуда пациентите кои се лекувале од КОВИД 19 дека методот хемофилтрација е безбеден и ефикасен лек против вирусот. Казната за ова кривично дело е затвор од една до десет години. Обвинението се темели на 283 сведоци, на кои лекарот треба да…

Нефи Усеини во Турција заминал на операција на синуси

Нефи Усеини го пропушти последното рочиште на кое му се суди за насилство врз негов сограѓанин, а неговите адвокати во судот во Охрид го оправдаа дека заминал на операција во Турција. Според информациите кои ИРЛ ги доби од неговиот адвокатски тим, Усеини закажал операција на синусите. „Нефи Усеини замина пред неколку дена на операција на синусите во приватна болница во Истанбул. Не знам колку ќе се задржи таму, но пред…