Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координaторката на Форумот на жени се разрешени вечерва на седницата на Централниот одбор на партијата. Ова го соопшти лидерот на партијата и премиер Зоран Заев по завршување на седницата пришто упати благодарност до сите за вршењето на досегашните функции. За нов генерален секретар на партијата е избран Љупчо Николовски и дека тој повеќе нема да биде…
Заев ги бира, Заев ги разрешува. Речиси сите претседатели на општински организации вршат дополнителни функции како директори во јавни претпријатија и членови во управни и надзорни одбори. ИРЛ разговараше со неколкумина. Известуваат: Сашка Цветковска и Александра Денковска Гоцевска „Ги поддржувам сите одлуки на претседателот. Ако се покаже дека претседателите на општинските организации имаат вина за она што се случи на изборите, тогаш треба да бидат разрешени. Ја прифаќам одлуката иако…
Во седиштето на СДСМ со зурли и тапани веќе се слави победата на Стево Пендаровски. Долу, во дворот и во прес центарот се обичните членови и симпатизери на владејачката партија. Горе, пак, со закуска и пијалок се честат високите партиски функционери. Во прес центарот одвреме навреме се симнува по некој од министрите, но освен за текот на изборите и победата на Пендаровски, тешко може да се натераат да прозборат и…
Цензусот е исполнет. Изборите се успешни. Според последните податоци од ДИК, до 18.30 часот на гласање излегле 44,55 проценти од граѓаните со право на глас. Во СДСМ велат „Стево Пендаровски води“. Државната изборна комисија ги пребројува гласовите, а во штабовите на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како веќе да е познат резултатот. Известуваат: Давид Илиески од штабот на СДСМ и Александра Денковска од штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште…

















