Press "Enter" to skip to content

Пет илјади граѓани на „игнор“: Пратениците немаат храброст да започнат надзорна расправа за Кочани, Тетово и автобуските несреќи

ИРЛ ги праша пратениците како ќе постапат по повикот за акција во кој 5 000 граѓани побараа надзорна расправа за системските пропусти кои водат до несреќите. Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа шокантни изјави – дека тие не одговараат пред избирачите, туку пред партијата. Некои поднесоа и пријави за нарушување на приватноста од страна на ИРЛ поради споделување на нивните службени мејлови, други никогаш го немаат ниту отворено службениот…

Градежната офанзива на еден албански милијардер: Помогнато од граѓаните на Македонија и Албанија

Вовед Со векови општествата во Албанија и Македонија делеле слични предизвици и проблеми. Но, денеска граѓаните на двете држави се отруени со токсични историски и етнички наративи, а корумпираната и контролираната медиумска сцена и дезинформациите дополнително ги продлабочуваат поделбите. За жал, оние кои профитираат од наметнатите наративи се корумпираните политичари, олигархијата и непријателските странски сили кои интензивно ја поткопуваат стабилноста во регионот.  Истовремено, мнозинството граѓани на двете соседни држави страдаат…

Послушните рачиња на ВМРО и СДСМ ја отвориле портата за „Ист гејт“

Култниот скопски белег Скопскиот саем веќе не постои. Халите во кои се организираа саеми, музички концерти, беа урнати и завршија на отпад како старо железо. Скопјани може само носталгично да се присетуваат на Скопскиот саем кој со политичка одлука го снема за да се изградат современиот трговски центар и станбен комплекс – „Ист гејт“. Инвестицијата е на веројатно најбогатиот Албанец, Самир Мане. Цената да се изгради трговскиот центар со сомнително…

Хирургот кој сака да стане опозициски лидер, тајно оперира во бизнисот

Пратеникот Венко Филипче во анкетниот лист доставен денеска до Антикорупциската комисија ја скрил фирмата за недвижности од Бугарија која ја пронајдоа новинарите на ИРЛ. Пребарувањето низ јавните списи во Македонија нè доведе и до нова инвестиција на семејствата на експремиерот Зоран Заев и ексминистерот Филипче. Нивните браќа Вице и Никола се на чекор до пуштање во употреба на фотоволтаична централа која им ја изградил Кочо Анѓушев. Филипче во разговор со…