Press "Enter" to skip to content

Заев најави метла и за министри од СДСМ и ДУИ

Непосредно пред вториот круг на претседателските избори, премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24 . Тој, како и на сите предизборни митинзи и средби на кои присуствуваше со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, најави дека ја примиле пораката која граѓаните ја испратиле во првиот круг и веднаш почнало да се работи на тоа. Според него, една од причинита за слабата излезност во првиот круг од претседателските избори и…

Кирацовски: Не сум влијаел за вработувања, грешка е

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски не чувствува никаква одговорност затоа што Антикорупциската комисија откри дека при вработување во државни институции на тројца негови блиски роднини било извршено влијание – сестрата, бабата и дедото. На прашањето дали планира да понесе одговорност, тој ги негира овие наоди и вели дека информацијата е погрешна. „Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешна е“, кусо ни одговори Кирацовски преку смс…

Избор на истражувачките новинари: Предлози до Заев за операцијата „Метла“

Тендери за школските другари на Заев, сомнителни тендери во здравството и бегство од одговорност во аферите од животна средина. Колегите Владо Апостолов, Менче Атанасова – Точи и Александар Димитриевски на виделина изнесоа многу валканици за минатата  власт, за многу од нивните стории денес гледаме и судски завршници и истраги. Но, за ИРЛ одбраа по една тазе афера за која тие пишувале за новата власт на СДСМ и ДУИ, а која…

Стевчо Јакимовски: Од харизматично лице до непринципиелен политички профитер

Промени три политички партии. Истите му донеса три градоначалнички мандати и две министерски позиции. Вака се развиваше политичката кариера на претседателот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски, кој избегна притвор во истражниот затвор во Шутка и помина со куќен притвор поради истраги врзани со приватизација и продажба на градежно земјиште. Како член на ЛДП и на СДСМ ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, кога ја формираше ГРОМ во 2014 година почна војна со неговите…