Од 2007 до 2015 година во македонското Собрание се направија 104 измени на клучните закони за градење. Преку државно спонзорираните проекти во градежниот сектор за само една деценија, градот радикално се трансформираше. Секој нов урбанистички план овозможуваше неконтролирано градење од една мала моќна група со пари и пријатели во политиката. Промените не беа во функција на подобрување на животот на граѓаните. Таков е случајот со Тафталиџе. Низ пребарувањето на стотици…
ВМРО-ДПМНЕ најавија објект за 650 вработени, СДСМ тврдат дека има место само за 350 градски административци. Двете страни ги користеа бројките за да ги поткрепат своите спинови, едните да ја оправдаат зделката, другите да го одбранат објектот којшто го изградија. А вистината, како и по обичај, некаде на средина. Според „Проектната документација“ која ИРЛ ја доби од Град Скопје, во Градската куќа има место за 450 вработени, односно 200 помалку…
Владата наместо да прифати одговорност и вистински да ја презентира ситуацијата во охридскиот регион на Сесијата на Комитетот за културно наследство во Баку, тие одлучија да одат со извитоперена реалност и лажна надеж дека самите ќе можат да го поправат безредието. Иако државата нема капацитет да ги спроведе препораките на УНЕСКО, Владата на сметка на тоа Охрид да не биде ставен на листата на светски наследства во опасност како влог…
Кабинетот на министерот без ресор задолжен за транспарентност, отчетност и комуникации, Роберт Поповски, испрати реакција до Истражувачката репортерска лабораторија во којашто ги обвини репортерите на ИРЛ дека излажале во текстот којшто беше објавен денеска попладне. Иако не го употреби зборот „лага“ тој во дописот испратен до сите редакции обвини дека известувањето на ИРЛ било неточно. Во сторијата ИРЛ го пренесе сведоштвото на својот новинар Давид Илиески во којшто тој пренесе…

















