Приватното село од 87 типски луксузни вили кои ќе се продаваат од 220.000 до 300.000 евра прв го замислил еден од најбогатите луѓе во Албанија. Тој бил и газда на најугледниот хотел во Маврово Леуново. Тој прв ги рушел административните бариери за следниот сопственик да започне со реализацијата. Новиот косовски стопанственик е омразен кај еколошките активисти поради неговите зделки со малите хидроелектрани во Косово. Планот започнал со ВМРО-ДПМНЕ, продолжил и…
Синдикатот на новинари и медиумски работници испрати реакција по непримерната комуникација на советничката на премиерот Заев за медиумски активности, Елена Митева, со новинарите од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија. ССНМ предупредува дека советниците на претседателот на Владата на РСМ како и сите други вработени или именувани лица во државната администрација треба да внимаваат во комуникацијата со новинарите и да имаат поголем праг на толеранција во однос на новинарската работа. „ССНМ…
Тимот на ИРЛ ја освои првата награда за истражувачко новинарство на Европската Унија за 2019 година за сторијата „Урбани атентатори“. Урбани атентатори: Како еден посредник, еден градоначалник и неколку бизнисмени го променија Тафталиџе Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство ги додели амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир во хотелот Александар палас во Скопје. „Оваа награда има за цел да ја препознае специфичната работа на истражувачките новинари и промовира…
Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции по текстот на ИРЛ за лажните сертификати за лична заштитна опрема, односно КН95 маски. Во меѓународното истражување ИРЛ откри дека најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски…

















