Press "Enter" to skip to content

ИРЛ наградена за најдобра истражувачка сторија во регионот на Западен Балкан и Турција

„EU Investigative Journalism Awards 2025” е регионално признание, финансирано од Европската Унија, а организирано од „Thomson Media”, меѓународна непрофитна организација која работи на развој и зајакнување на медиумските вештини ширум светот. Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) е добитник на првата награда на ЕУ за 2025 година за најдобра истражувачка сторија во регионот на Западен Балкан и Турција во конкуренција на 284 пријави. Сторијата за која новинарите на ИРЛ Маја Јовановска и…

„Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници или како Бранко Героски редовно ги „истражува“ ИРЛ, но никогаш олигархијата и мафијата

За Бранко Героски, долгогодишен уредник, ко-сопственик и главен и одговорен уредник на порталот „Плусинфо“, трагедијата во Кочани не е јавен интерес. Според него, за неа не треба да се известува, туку да се остави на истражителите. Затоа тој почувствувал „длабок порив“ да ги спречи „манипулациите“ на ИРЛ со свое ексклузивно „истражување“, иако самиот во објавата признава дека не ги разбира вештините потребни за истражувачко новинарство, ниту што претставува јавен интерес,…

„Мала шега“ на ДНФ Филмс и ИРЛ имаше светска премиера на престижниот филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажуваше на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар. Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ фестивалот…

Македонскиот краток филм „Мала шега“ влезе во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4.140 кратки филмови од светот влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Во официјалната селекција влегоа 149 филмови од 39 земји меѓу кои и филмот „Мала Шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на…