Ќе мора редовно, односно еднаш неделно да се пријавува во Судот, нема да може да патува, но освен удобноста на својот дом, Сашо Мијалков ќе може да ужива и во слободата на движење во Скопје и земјава. Така одлучи Кривичниот совет при Основиот суд 1 којшто единствено му одреди мерки на претпазливост. „Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот…
Миле Зечевиќ, функционер на СДСМ и советник на премиерот Зоран Заев, и официјално стана дел од раководството на Стопанска банка – Битола. Тој на денешното Собрание на акционери е избран за независен член во Надзорниот одбор на банката како предлог на „Пелистерка“. Зечевиќ за овој ангажман ќе добива по 50.000 денари. Заедно со Зечевиќ се избрани и Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Александра Радевска, Илија Тозија и Игор Камбовски. Миле Зечевиќ…
Истрагата на СЈО за случајот „Империја“ во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков водат и кон „Фершпед“. СЈО обезбеди докази како Камчев и Мијалков ја надитриле Кираца Трајковска, еден од мнозинските сопствениците да ги продаде акциите во „Фершпед“. Медиумите во тој период, 25 декември 2013, објавуваат информации дека сосема неочекувано Кираца Трајковска го продала својот удел од 11 проценти во компанијата. „Потегот на Трајковска, која ги продаде…
Со цел да не се шират дезинформации објавуваме мало дообјаснување за оваа сторија за „Империја“. Сторијата е објавена на 12 февруари 2019 година, а не на денешниот датум. Со оглед дека многумина читатели деновиве ја споделуваат сторијата, должни сме да објасниме дека поради софтверски проблем сите текстови на ИРЛ од неодамна се објавуваат со актуелниот датум. Во скоро време овој проблем ќе биде остранет. Десетици фирми се дел од истрагата…

















