Стеван Павлески, досегашниот адвокат на Катица Јанева, вели дека одлуката повеќе да не ја брани Специјалната јавна обвинителка која што се наоѓа во притвор, ја донел самиот. „Стеван Павлески не е човек кој прифаќа и трпи притисоци, одлуката ја донесов од лични причини и ниту е поврзана со судир на интереси, ниту со какви било притисоци, јас никогаш не сум имал притисок од кого било во мојата кариера“, вели Стеван…
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е осомничена за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“. Обвинителството за гонење на организиран криминал бара да и се одреди притвор. Јавниот обвинител Љубомир Јовески соопшти дека од досега обезбедените докази се потврдува дека Јанева, искористувајќи ја својата положба во СЈО, влијаела осомничениот Јордан Камчев во случајот „Империја“ да добие олеснителни околности за време на истрагата, а за возврат тој исплатил 1,5 милиони евра.…
20.8.2019 година Со службено возило и возач, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Обвинителството за гонење организиран криминал за да даде исказ за случајот „Рекет“. Повикана е во својство на сведок, но пред обвинителката Вилма Русковска, Јанева ќе зборува во присуство на адвокатот Стеван Павлески. -Се надевам дека со моите аргументи и изјавата денеска, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева пред да влезе во зградата на Обвинителството. Таа ќе…
Во време кога судбината на Специјалното јавно обвинителство е неизвесна, а шефот на обвинителството Катица Јанева поднесе оставка, се доведува во прашање работата на обвинителството. Иако сеуште немa потврда дека Јанева е опфатена во истрагата за случајот “Рекет”, на денешното обраќање обвинителите на СЈО на чело со Ленче Ристоска упатија суптилна порака дека СЈО не е еден човек и дека тие ќе продолжат да се борат за своите случаи во…

















