Оправдани се стравовите за опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци, вака накусо изгледа резимето од образложенијата на судиите кои одлучуваа за притворите на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев. ИРЛ Македонија дојде до судските решенија за Мијалков и Камчев со коишто и двајцата се испраќаат од затвор во куќен притвор. Истите откриваат дека Камчев, покрај македонското имал и бугарско државјанство, но и дека…
По серија постапки на СЈО веќе тоа не можеме да го кажеме, сега тоа е обвинителство што реагира на импулсите од политиката, како што се последните одлуки околу притворите во случајот Империја. СЈО веќе не е специјално, Владо Апостолов, новинар во БИРН.
Денеска попладне (четврток) од притвор излегуваат бизнисмените Јордан Камчев и Цветан Панделески. Истовремено, банките, должниците и доверителите во дел од компаниите вмешани во случајот „Империја“ на СЈО изработиле предлог договор со којшто се определува исплаќањето на кредитите кои овие компании ги должат кон повеќе банки, но и средства кои им се должат на други доверители како фирми и физички лица. Се очекува договорот да биде потпишан многу скоро. Извори на…


