Новинарските организации – Здружението на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија сериозна загриженост за судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје, кој ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во предметот за клевета покренат од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев против одговорниот уредник Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Анѓушев ги тужеше ИРЛ и уредничката Цветковска за клевета…
Полицијата го приведе бизнисменот Ратко Капушевски сопственик на компанијата РКМ. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага и осомничи 13 лица за злоупотреба на службената положба и за перење пари. ИРЛ уште во март 2022 година објави дека Капушевски е „тајниот“ продавач на мазут на ТЕЦ Неготино и откри како неговата РКМ успеа да го измами ЕСМ и да му продаде 188 илјади тони мазут на почетокот на…
Меѓународната федерација на новинари денеска испрати реакција и констатира дека оваа пресуда претставува неуспех на судијата да го стави јавниот интерес и интересот на граѓаните над интересот на моќните бизнисмени. Судијката Спировска Панева е позната по тоа што осуди новинари што го критикуваа поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Судијката пред претставниците на еснафските здруженија и новинарите рече и дека и било тешко вака да одлучи, а потоа даде скандалозна…
Реакцијата следува во рамки на механизмот „Брзи рекации за слободата на медиумите“ преку кој се следат состојбите и се реагира на кршење на слободата на медиумите во земји членки на ЕУ и земјите кандидати за членство. Европската федерација на новинари (ЕФН) се приклучува на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во осудата на одлуката на судијката Јованка Спировска Панева, која на 13-ти октомври 2023 година, го затвори за јавност судското…

















