Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски и Талат Џафери молчат за опасната пресуда против ИРЛ, а судот дозволува во името на граѓаните да се носат срамни пресуди против слободата на говорот. Здружението на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) на претседателот на граѓанскиот суд Бесник Авдија му понудија да помогнат да ги едуцира судиите за основните човекови права каква што е слободата на медиумите. Известува: Лила Караташева Новинари,…
Во образложението на пресудата судијката посочува дека истражувањата на ИРЛ не смеат да се публикуваат пред граѓаните, туку треба исклучиво да се користат за внатрешна едукација на вработените. Таа го отфрли исказот на уредничката на ИРЛ Сашка Цветковска, а го прифати само оној на Анѓушев, со образложение дека Цветковска и ИРЛ не се новинари и медиум. Судијката Јованка Спировска Панева цени и дека морала да го зашити приватниот интерес, а…
Меѓународната федерација на новинари денеска испрати реакција и констатира дека оваа пресуда претставува неуспех на судијата да го стави јавниот интерес и интересот на граѓаните над интересот на моќните бизнисмени. Судијката Спировска Панева е позната по тоа што осуди новинари што го критикуваа поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Судијката пред претставниците на еснафските здруженија и новинарите рече и дека и било тешко вака да одлучи, а потоа даде скандалозна…
Исклучување на новинари од судница е крајно опасно и неопходно е само во законски утврдени процедури, се вели во реакцијата на ЗНМ кое поднесе претставка до Судскиот совет за утврдување одговорност на судијката Јованка Спировска Панева. Судењето помина со низа скандали, а најголем дел од исказот на новинарката Сашка Цветковска не влезе во записникот од рочиштето. Во записникот дури и пишува дека емотивниот настап на господинот Кочо Анѓушев и’ дал…