Press "Enter" to skip to content

Нема да има ни притвор во истрагите за корумпираните функционери

Со новите измени во  Кривичниот закон за злоупотреба на службена положба и овластување и злосторничко здружување, скратени се толку основи за оваа мерка, што ќе е речиси невозможно да се изрече притвор.  Известува: Лила Караташева; Илустрација: Лука Блажев Оние кои ќе го осиромашат државниот буџет за лична корист додека извршуваат функција нема да одат во притвор освен ако не постои сомневање дека ќе избегаат. Последните политички измени на Кривичниот законик…

Оставка од Јовески, бара Платформата за борба против корупција

Оставка од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска побара Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Нивното барање доаѓа од незадоволството од истрагата на обвинителството за изгорената модуларна болница во Тетово каде 14 лица го загубија животот. Порачаа дека доколку Јовески не си поднесе оставка, ќе смислат други начини со кои ќе го изразат незадоволството.  Од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бараат Љубомир Јовески да ја…

УБИСТВО ВО ТЕТОВО

Сите несреќи од катастрофални размери коишто се случуваат во Македонија имаат една заедничка карактеристика која била дел од клучните настани кои довеле до катастрофата, а тоа е следново: Сите се случиле поради запоставување на обврските на оние на кои како заедница сме им дале полна доверба да управуваат со нас и заедничките добра. Запоставувањата предизвикале не само оштетувањето на заедничките пари и имот, туку личната корист толку преовладала, што запоставувањето на должностите отишло во такви размери што довело до чести настани со непотребна смрт и страдања на граѓаните.

Судот му го одзеде пасошот на Жан Митрев, обвинителството отвори истрага за измама на пациенти

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на скопското Јавно обвинителство и донесе одлука да му го одземе пасошот на доктор Жан Митрев, како мерка на претпазливост поради опасност од бегство.  Оваа мерка доаѓа откако Јавното обвинителство – Скопје денеска донесе одлука за поведување на истражна постапка против сопственикот на приватната клиника за кривично дело Измама на пациенти.  Како што објави ИРЛ, обвинителството бара мерки за претпазливост бидејќи постојат индиции…