Партиската војна во ДУИ е меч што виси и врз главата на СДСМ. Во разговор со ИРЛ, членовите на таканаречената огнена група велат дека освен нивната непоколебливост, тие можат да сметаат и на поддршката на двоецот Кастриот Реџепи и Скендер Реџепи, и двајцата пратеници во Собранието. Партијата со децении ја следат сериозни обвинувања за корупција и криминал, а афери има за сите вмешани во последниот и масовен пожар во ДУИ.…
Премиерот Ковачевски го презема мандатот од Заев со ветување дека во неговата власт ќе нема место за политикантство туку само за системот на вредности и заслуги. Тоа не се исполни кога се назначуваа повеќе од 40 директори и заменици во само една година. За илустрација, преведувач стана директор на Агенцијата за странски инвестиции, а донатор на ДУИ се смести во Царината како заменик – директор. Политичкиот договор за влегувањето на…
Додека Македонија очајнички бара јаглен и мазут за да ја скрпи зимата, оваа недела се набавила увозна струја по рекордни цени од по 325 евра по мегават час, податок којшто ЕСМ го сокри од јавноста. ИРЛ открива како и институциите и партиите знаеле што ја чека државата во пресрет на светската енергетската криза, но наместо да се грижат за потенцијалните социјални немири и загрозениот животен стандард, тие премолчеле и излажале…