Обвинети се вкупно шест лица, а против 33 е поднесен предлог да платат парична казна. Обвинението доаѓа по истражувањето на ИРЛ кое откри неколку десетици граѓани кои биле измамени. Нивните лични податоци биле ставени на фалсификувани лични карти и во нивно име биле земани брзи кредити. Александра Денковска Гоцевска Јавното обвинителство денеска поднесе обвинение за шест луѓе кои ги мамеле граѓаните и во нивно име земале брзи кредити. Тие се…
ИРЛ лани во декември го објави документарниот филм „Украдени животи“ во кој откри како организирана група со фалсификување на лични карти оштетиле повеќе од стотина граѓани и во нивно име земале брзи кредити. Измамниците имале помош од вработен во Фондот за здравство кој им обезбедувал податоци. Тројца од осомничените коишто ги откри ИРЛ се уапсени, а еден е веќе во притвор за измама со затајување данок. Со украдени податоци од…
Во секоја држава постои начин да се позајмат пари. Како позајмуваме пари и како ќе ги трошиме одлучуваат граѓаните кои имаат изградено институции кои го контролираат ова. Пари позајмуваме за да отпочнеме бизнис, за да купиме куќа, за да земеме стан. Овие заеми најчесто се викаат кредити. И нив најчесто ги даваат банки, но, постојат и други поризични форми на позајмувачи, но само доколку проценката е дека ризикот ќе донесе…
Со украдени идентитети и фалсификувани лични карти од Косово и Албанија се подигале пари од друштва во земјава кои нудат брзи кредити. Се краделе идентитети на невини граѓани, а меѓу нив и ментално попречени лица и иселени граѓани. Известува: Александра Денковска Гоцевска Марија Костовска е 44-годишна скопјанка која работи во позната веледрогерија, односно продавница за убавина. Кога ќе ѝ заврши работниот ден, продолжува на втора работа. „Јас во животот…
















