Press "Enter" to skip to content

Од грчкиот јаглен што горел во Македонија, парите „исчадиле“ кај Вице Заев во Бугарија

Истражувањето открива како со помош на мрежа од компании и посредници раководството на ЕСМ дозволило државата да купува поскап јаглен со цел некои компании и бизнис-моќници со силни политички врски оваа криза да ја искористат како шанса за сопствено богатење врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја. Од 2022 година до денес компанијата ЕСМ склучила договори со 11 фирми за набавка на околу 4,6 милиони тони јаглен, за што било…

„Адитив“ во судница, обвинетите не прифаќаат вина

Обвинителството тврди дека ќе докаже оти била злоупотребена постапката за јавна набавка, се переле пари, а високо позицинорани службеници во ЕСМ наместо да гарантираат енергетска безбедност ја злоупотребиле довербата која им била дадена. Се воделе од единствен интерес – богатење на државна сметка. Случајот лани го откри ИРЛ и објави две новинарски истражувања.  Известува: Бојан Стојановски Започна судењето за случајот „Адитив“ кој се однесува на набавката на хемиски препарат против…

Претседателката на ДКСК шпион на криминалната група за случајот „Адитив“

Истрагата за набавката на скапиот адитив за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј откри неочекуван детал – дел од криминалната мрежа била и актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Татјана Димитровска. Комуницирала со обвинетиот Небојша Стојановиќ. Го брифирала какви постапки против него се воделе во комисијата откако ИРЛ во јуни лани откри како ЕСМ купила адитив од фирма без искуство во хемискиот бизнис неколкупати поскапо од пазарната вредност. Известуваат:…

Се переле пари преку набавката на адитив за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Шестмина директори од АД Електрани се осомничени за перење на пари и злоупотреби при тендерски постапки во државната компанија. Штетата која е направена врз државниот буџет е проценета на 6,5 милиони евра. Во денешната акција со кодно име „Адитив“ опфатени се вкупно 23 лица, а случајот го води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. ИРЛ објави две истражувачки стории преку кои откри како службеничка од пошта без никакво…