Основното јавно обвинителство во Битола отвори предистражна постапка по допрен глас по сторијата на ИРЛ за набавка на адитиви за РЕК Битола. ИРЛ на 13 јуни објави истражување во кое откривме како јавни службеници во кризата виделе можност за профит преку сомнителни набавки за потребите на термоелектраните на јаглен во Битола и Осломеј во Кичево. „Основното јавно обвинителство Битола веќе води предистражна постапка во рамките на која проверува дел од…
Земјите ширум светот по пандемијата се соочија со нова криза – енергетската. Таа најсилно го погоди стандардот на сиромашните држави. Македонија не беше исклучок. Нејзините граѓани и денеска се соочуваат со последиците од вртоглавиот раст на основните животни трошоци предизвикан од растот на цените на енергенсите. Но, она што за едни претставувало криза, за други претставувало предност. ИРЛ открива како јавни службеници во кризата виделе можност за профит преку сомнителни…
Маја Јорданова склучила три договори во вредност од речиси седум милиони евра за набавка на адитиви за јаглен за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Во сите тендери поштенската службеничка била единствен понудувач. Известува: Маја Јовановска/Илустрации: Лука Блажев Маја Јорданова од Велес пред три години е вработена во АД Пошта. Паралелно со државната служба, 34 годишната велешанка води и бизнис. Сопственичка и управителка е на компанијата „Браинкоде“. Токму оваа фирма е…
Министерот за финансии Фатмир Бесими за кредитот од 100 милиони евра рече дека бил за поддршка на компанијата и за зелени инвестиции. Но, пропушти да образложи каква е оваа поддршка. Не за зелени инвестиции, туку буквално за опстанок на компанијата која што е речиси неликвидна и едвај и да произведува енергија за населението, па мора да увезува скапа струја. Според соопштението на ЕБОР, „Северна Македонија е значително зависна од увоз…




