Press "Enter" to skip to content

„Куќата на зетот“ нема да се продава, Општина Маврово се предомисли

Вила Доста или попозната како „Куќата на зетот“ нема да се продава. Објектот кој има културно историско значење како за селото Галичник така и за државата нема да заврши на електронска аукција. Откако ИРЛ објави дека месната заедница од Галичник пред пет години во корелација со општина Маврово Ростуша започнале процес на трансформација на сопственоста на Вила Доста, Општина Маврово се предомисли и одлучи – „Куќата на зетот“ останува во…

Како две македонски влади саботираа скапа италијанска студија која требаше да го спаси Маврово

Градежното дивеење во Маврово е дело на две различни влади и две навидум сосема различни администрации. ИРЛ по првпат открива како лобирањето и трговијата со влијание за приватни интереси ќе го остават Националниот парк „Маврово“ со неизвесна судбина. Идејата да се изградат мали хидроцентрали на територијата на Националниот парк „Маврово“ ќе го блокира процесот за репрогласување на Паркот во заштитено подрачје. Во две од трите спорни мали хидроелектрани, кои сè…

Трница хилс: Помошник министер, пратеничка и актери – соседи во дива населба на државна земја

ИРЛ откри дека во последната деценија на територијата на Националниот парк „Маврово“ е изградена цела дива населба веднаш над комплексот „Кораб Трница“. Дел од вилите се изградени и се веќе легализирани, додека други се градат во моментов. Сите се наоѓаат на државно земјиште, на заштитена територија. Меѓу оние кои изградиле или купиле вили на државен имот се помошник министерот во МВР Маријан Здравковски, пратеничката од ЛДП Моника Зајкова и актерите…

Трансформацијата на Маврово инспирирана од Банско

Во 2015 година скопскиот инвестициски консултант Влатко Богоевски, заедно со неговите партнери од Софија, ќе договори атрактивна зделка со компанијата „АД Пелагонија Гостивар“. Друштвото за посредување и консалтинг „Фортонмка“ станува ексклузивен посредник во продажбата на становите од првиот бетонски резиденцијален комплекс во Националниот парк Маврово наречен „Маврово Резиденс 1“. Младиот претприемач и неговите познати партнери од Софија со кои што тој ја дели фирмата „Фортонмка“, не губат време да ја…