Press "Enter" to skip to content

Мобилни редакции: ИРЛ се сели во Кичево да истражува локална корупција

Во рамки на пионерскиот проект на ИРЛ „Мобилна редакција“ кој започна пред четири години во Охрид и Крива Паланка, овој месец ИРЛ ќе биде во Кичево. Ќе дадеме видливост на проблемите натрупани поради лошо владеење и корупција.  Основниот концепт на проектот „Мобилна Редакција“ вклучува „селење“ на тимот на ИРЛ, составен од известувачи, истражувачи, уредници и продуценти, во помалите градови и региони низ Македонија. Овие области често немаат соодветно или никакво…

На црни листи во САД, дома спокојно ги трошат парите од криминал и корупција

Во само два дена на различни црни листи на САД завршија бизнисменот Јордан Камчев и компанијата Сајтрокс управувана од Иво Малинковски кои му се придружија на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И покрај се’, ништо не ги допира македонските институции иако, според изјави на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов постојат правни механизми и дома да се применат мерките од црните листи. Пишува: Маја Јовановска/Илустрација: Лука Блажев Јордан Камчев…

Една година референдум: Што се промени

Денеска се заокружува една година од (не)успешниот референдум во кој граѓаните имаа можност, да и кажат на владата што мислат за Договорот од Преспа. Прашањето беше дали граѓаните ги прифаќаат одредбите од Договорот со Грција за да се доближиме до ЕУ и НАТО. И една година потоа, јавноста останува поделена по прашањето на промената на името и потпишувањето на историскиот договор. Политичките партии немаат консезус по ниедно државно прашање, а…

Тендерите продолжуваат по старата „вмровска“: малку конкуренција и многу фаворизирање

Секоја трета набавка направена со државни пари била  само со една понуда, а фаворизирањето на одредени компании и потиснувањето на конкуренцијата се дел од клучните наоди во новиот извештај на Центарот за граѓански комуникации (ЦКГ) од мониторингот на јавните набавки спроведен во втората половина на 2018 година. „Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач,…