Press "Enter" to skip to content

На црни листи во САД, дома спокојно ги трошат парите од криминал и корупција

Во само два дена на различни црни листи на САД завршија бизнисменот Јордан Камчев и компанијата Сајтрокс управувана од Иво Малинковски кои му се придружија на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И покрај се’, ништо не ги допира македонските институции иако, според изјави на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов постојат правни механизми и дома да се применат мерките од црните листи. Пишува: Маја Јовановска/Илустрација: Лука Блажев Јордан Камчев…

Мајк Помпео: Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на својот Твитер профил изрази задоволство за усвојување на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност „Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја…

Помпео: Борбата против корупцијата е клучна за започнување преговори со ЕУ и членството во НАТО

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска во Охрид имаше средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев на кои беше потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји и поддршката од САД за интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Клучната порака што ја испрати од Охрид до македонскиот државен врв беше да расчисти со корупцијата. “Ги поздравуваме чекорите што ги презема владата во борба против против корупцијата…

Ќе „изгори“ ли Роџер Стоун, човекот кој го донесе Доналд Трамп на тронот

Контроверзниот и озогласен Роџер Стоун, советник на претседателот на САД, Доналд Трамп и на многу републикански претседатели пред него, вчера на обвинителна клупа во судницата во Вашингтон се изјасни дека е невин за обвиненијата за руското мешање во последните претседателски избори на САД. Стоун во петокот беше уапсен поради тоа што наводно го излажал Конгресот дека немал контакти со Викиликс за украдените електронски пораки на демократите кои и нанеле штета…