1.Што се Швајцарски тајни? „Швајцарски тајни“ е проект, односно меѓународно истражување за една од најбогатите и структурно најважните банки во светот – Кредит Свис од Цирих. Истражувањето го работеа над 150 новинари од 48 медиуми ширум светот кои со месеци анализираа протечени информации за банкарски сметки во Кредит Свис. Добија податоци за повеќе од 18.000 сметки на кои имало над 100 милијарди американски долари. Швајцарија е земја која е позната…
Како одговор на написите објавени од голем број медиуми, „Кредит Свис“ ја објави следнава изјава: „’Кредит Свис’ остро ги демантира инсинуациите за наводните лоши деловни практики на банката. Објавените податоци се стари, а некои од нив датираат дури од 1940-тите години. Написите за тие сметки се засноваат врз нецелосни, неточни и селективно избрани податоци кои се извадени од контекст што, пак, води до тенденциозни толкувања на деловното однесување на банката.…
„Швајцарски тајни“ е меѓународна истрага за една од најбогатите и најважните банки во светот. Повеќе од 163 новинари од 48 медиуми во 39 земји ширум светот со месеци ги анализираа информациите за банкарските сметки протечени од „Кредит Свис“, вториот по големина кредитор во Швајцарија. Протекувањето опфати повеќе од 18 000 сметки на кои се чуваат преку 100 милијарди американски долари. Тоа за новинарите е единственото познато истекување податоци за клиенти на…
Швајцарските тајни од базата на податоци на „Кредит Свис“ ќе откријат матни операции на крупни имиња од светската индустрија на обложување кои се одвивале во Македонија повеќе од две децении. Репортерите на ИРЛ и СТВ откриваат дека сметки во „Кредит Свис“ биле користени да се скрие данок од македонските даночни обврзници, а некои од нив се дел и од актуелно судење за перење пари во гевгелиското казино „Аполонија“. Македонските институции,…

















