Press "Enter" to skip to content

Финансиска полицијa: Ќе оформиме предмет за швајцарските сметки на Јорданов, Механџиски и Клинг

Управата за финансиска полиција ги анализира податоците кои Истражувачката репортерска лабараторија ги обелодени, во меѓународниот проект „Швајцарски тајни“, каде македонски транзициски бизнисмени чувале пари во „Кредит Свис“. По објавата која беше меѓународна и опфати илјадници банкарски сметки на политичари, бизнисмени, воени профитери, македонските финансиски институции ќе проверуват дали Минчо Јорданов, Благој Механџиски и шведскиот бизнисмен Ларс Клинг, парите од швајцарските сметки потоа ги вратиле во земјва во форма на инвестиции…

Обвинителството за организиран криминал и корупција отвора предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг

Во разговор со ИРЛ, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска рече дека случајот кој предизвика глобални реакции ќе биде истражуван и во Македонија. Обвинителството отвара предистражна постапка  а паралелно собираат расположливи информации од она што веќе е јавно објавено од страна на Истражувачката репортерска лабараторија.  Три дена по објавата на документарниот филм „Швајцарски тајни“ којшто се објави на ИРЛ и МРТ1, Јавното обвинителство за гонење на…

Став на нобеловецот Џозеф Стиглиц

„Се чини дека земјите кои најмногу страдаат од банкарската таинственост се земјите во развој. Истражувањето ‘Швајцарски тајни’ го потврдува она што експертите долго време го зборуваа: Швајцарија се согласи на автоматска размена на податоци со други развиени земји, но не и со сиромашните земји, а особено со оние кои би можеле да бидат дом на овие нелегални активности како што се клептократијата и корупцијата и можат да продолжат да цветаат…

Што треба да знаете за швајцарскиот банкарски систем

Со векови наназад откривањето информации за клиентите на банките во Швајцарија е граѓански прекршок. Првите закони што ја регулираат банкарската тајна датираат од почетокот на 1713 година, но во 1934 година, со усвојување на Федералниот акт за банки и штедилници познат како Законот за банкарство, Швајцарија направи откривањето информации за клиентите на банките да биде федерално кривично дело.  Концептот на швајцарската банкарска тајна потекнува од самонаметнатата политика на Швајцарија за…