Press "Enter" to skip to content

Најчесто поставувани прашања: Што треба да знаете за податоците од „Кредит Свис“

1.Што се Швајцарски тајни?

„Швајцарски тајни“ е проект, односно меѓународно истражување за една од најбогатите и структурно најважните банки во светот – Кредит Свис од Цирих.

Истражувањето го работеа над 150 новинари од 48 медиуми ширум светот кои со месеци анализираа протечени информации за банкарски сметки во Кредит Свис. Добија податоци за повеќе од 18.000 сметки на кои имало над 100 милијарди американски долари.

Швајцарија е земја која е позната дестинација за чување на пари поради нејзините закони за тајност. Поседувањето на сметка во швајцарска банка само по себе не е незаконско, но банките треба да избегнуваат клиенти кои парите ги заработувале незаконски или биле вмешани во криминал.

Новинарското истражување и анализата на протечените податоци покажа дека меѓу сопствениците на сметките во Кредит Свис има десетици корумпирани владини службеници, криминалци и прекршувачи на човекови права.

Истражувањето покажа дека швајцарската банкарска тајност е одличен пример за тоа како меѓународната финансиска индустрија дозволува да се случува кражба и корупција.

Со оглед на бројните ветувања на Кредит Свис за реформи во текот на годините, меѓународното истражување ја нагласи и потребата за зголемена одговорност во овој сектор.

Партнери во Швајцарски тајни

Протечените податоци ги доби германскиот весник Зидојче Цајтунг (Süddeutsche Zeitung), кој го координираше проектот заедно со Меѓународниот проект за известување за борба против корупција и криминал (OCCRP).

  1. Africa Uncensored (Kenya)
  2. com (Tunisia)
  3. info (Venezuela)
  4. Center for Investigative Reporting (Bosnia and Herzegovina)
  5. Confluence Media (India)
  6. Depeches du Mali (Mali)
  7. Diario Rombe (Equatorial Guinea)
  8. Efecto Cocuyo (Venezuela)
  9. Expresso (Portugal)
  • Fact Focus (Pakistan)
  • Hetq (Armenia)
  • sn (Senegal)
  • Infobae (Argentina)
  • Infolibre (Spain)
  • Interferencia de Radioemisoras UCR (Costa Rica)
  • Investico (Nederlands)
  • Investigative Reporting Lab (North Macedonia)
  • IrpiMedia (Italy)
  • Kloop (Kyrgyzstan)
  • KRIK (Serbia)
  • L’Evénement (Niger)
  • La Nación (Argentina)
  • La Stampa (Italy)
  • Le Monde (France)
  • Le Soir (Belgium)
  • Miami Herald
  • NewsHawks (Zimbabwe)
  • Norddeutscher Rundfunk (Germany)
  • OCCRP (Global)
  • Piaui (Brazil)
  • Prachatai (Thailand)
  • Premium Times (Nigeria)
  • Profil (Austria)
  • lu (Luxembourg)
  • Shomrim (Israel)
  • info (Ukraine)
  • Süddeutsche Zeitung (Germany)
  • Sveriges Television (Sweden)
  • The Guardian (United Kingdom)
  • The Namibian (Namibia)
  • The New York Times (United States)
  • The News (Pakistan)
  • Trece Costa Rica Noticias (Costa Rica)
  • Turkmen News (Turkmenistan)
  • info (Algeria)
  • Verdade (Mozambique)
  • Vlast (Kazakhstan)
  • Westdeutscher Rundfunk (Germany)
  1. Од каде дојдоа податоците? Што се знае за тоа?

Податоците на Швајцарски тајни беа доставени до германскиот весник Зидојче Цајтунг од анонимен извор пред повеќе од една година. Не се знае ништо за идентитетот на свиркачот.

Тој/таа, сепак, даде изјава во која ги објаснува своите мотиви за споделување на податоците од банкарските сметки:

„Верувам дека швајцарските закони за банкарска тајна се неморални. Изговорот за заштита на финансиската приватност е само лист од смоква што ја покрива срамната улога на швајцарските банки како соработници на даночните затајувачи… Оваа ситуација овозможува корупција и ги изгладнува земјите во развој од многу потребните даночни приходи“.

„Сакам да го истакнам фактот дека одговорноста за ваквата состојба не е на швајцарските банки, туку на швајцарскиот правен систем. Банките едноставно се добри капиталисти со максимизирање на профитот во правната рамка во која работат. Едноставно кажано, швајцарските законодавци се одговорни за овозможување финансиски криминал и врз основа на нивната директна демократија – швајцарскиот народ има моќ да направи нешто за тоа. Свесен сум дека да се има оф-шор швајцарска банкарска сметка не мора да значи затајување данок или кој било друг финансиски криминал. Сигурен сум дека некои од сметките имаат легитимна причина за постоење или дека се пријавени на даночните власти во согласност со релевантната легислатива. Сепак, веројатно е дека значителен број од овие сметки биле отворени со единствена цел да се сокрие богатството на нивниот сопственик“.

3.Што има во протечените податоци?

Протечените податоци вклучуваат информации за повеќе од 18.000 сметки на Кредит Свис и 30.000 сопственици на сметки. Некои лица имаат повеќе сметки, има и сметки каде сопственици се повеќе лица, но и како сопственици се јавуваат и фирми или други правни лица.

Клиентите на Кредит Сивс се сместени во повеќе од 120 јурисдикции и се дел од над 160 националности.

Информациите за секоја сметка го вклучуваат бројот на сметката, името на сопственикот или сопствениците, датумите на отворање и затворање на сметките, како и максималниот износ што некогаш бил присутен на таа сметка. Нема индикации дали се работи за заштеда, инвестирање или друг тип на сметка или дали се од подружница на Кредит Свис.

Вкупниот износ на пари што го имаат сметките во нивниот максимум е повеќе од 100 милијарди американски долари. Просечно сметките имале околу 7,5 милиони швајцарски франци како максимална сума, но имало и некои неограничени: над десетина сметки имаа повеќе од милијарда швајцарски франци. Овие бројки не даваат индикации за вкупниот износ на пари што се движел низ сметките низ годините.

Годините кога има најмногу отворени сметки беа 2007 и 2008 година. Годината на максимално затворање на сметките беше 2014 година, што се совпадна со воведувањето на новите прописи во Швајцарија за автоматска размена на даночни информации за клиентите со странско жителство. Просечно, сметките биле отворени по околу 11 години.

  1. Зошто во податоците не се претставени клиенти од некои земји?

Иако протечените податоци на Кредит Свис вклучуваат информации за клиенти од повеќе од 120 јурисдикции, некои од најголемите земји во светот, вклучувајќи ги САД, Русија, Кина и Бразил не се многу застапени.

Иако причините за ова не се сосема јасни, новинарите забележаа дека многу клиенти кои се појавија во податоците се од земји кои не го потпишале користењето на Заедничкиот стандард за известување (ЦРС) – глобална иницијатива против даночно затајување која бара од земјите автоматски да разменуваат основни банкарски информации со даночните власти. Дел од клиентите пак се од земји кои се согласиле да го потпишат ЦРС во последните неколку години.

Земјите кои во голема мера се вклучени во податоците, како што се Египет, Украина и Венецуела, сè уште не се обврзале да разменуваат банкарски информации како што се бара според ЦРС.

САД, исто така не се потписници на ЦРС, но сепак се согласија на бројни билатерални даночни договори, вклучително и оној со Швајцарија, кој им овозможува на даночните власти заеднички пристап до банкарските информации на клиентите осомничени за даночно затајување и други финансиски криминали. Сепак, државјани на САД како клиенти на Кредит Свис во протечените информации не се многу застапени.

  1. Како се проверуваше вистинитоста на податоците? Што знаеме, а што не знаеме?

Новинарите со месеци преку различни извори ги потврдуваа добиените информации. Документи од компании, службени весници, судски досиеја, кривични истраги и интервјуа со упатени инсајдери, беа меѓу изворите кои им помогнаа на новинарите да проверат дали објавените податоци се точни.

Во десетици случаи, броевите на сметките од протечените податоци се совпаѓаат со оние што новинарите ги најдоа во други документи. Датумите на раѓање на повеќе од 150 лица во протечените податоци, исто така, се совпаѓаат со оние што се наоѓаат во јавните записи.

Новинарите потврдија неколку банкарски сметки споредувајќи ги со претходно протечени податоци на кои работеа и беа објавени во изминатите години.

Новинарите разговараа и со дел од лицата за кои протекоа информации. Во неколку случаи тие го потврдија постоењето на нивните сметки.

Повикувајќи се на приватноста на клиентите, самата Кредит Свис ниту ја потврди ниту ја негираше вистинитоста на протечените податоци.

  1. Како новинарите избираа чии информации да објават?

Сите новинари кои работеа на овој проект работеа со премисата дека не е кривично дело да се отвори сметка во швајцарска банка. Во одговорното новинарство нема оправдување за објавување податоци од приватно банкарство без јавен интерес.

Затоа, протечените податоци никогаш нема да бидат објавени во сирова форма.

Новинарите потрошија месеци потврдувајќи ја вистинитоста на податоците и истражувајќи ги клиентите на Кредит Свис.

Оние случаи кои заслужуваат објавување, вклучуваат клиенти за кои се знае дека биле лица со висок ризик, политички поврзани, обвинети или осудени за сериозни кривични дела, пред да ги отворат нивните сметки.

Поголемата приказна која што ги обединува случаите е онаа на една голема финансиска институција која им дозволила на клиентите да ги сокријат испраните или украдените средства. Скоро сите приказни се потпираат на јавно достапни информации, што значи дека одделот за длабинска анализа на Кредит Свис би имал пристап и до нив.

„Секој треба да има одреден пристап до банкарскиот систем“, рече Греам Бароу, специјалист за финансиски криминал.

„Она што не треба да можете да го направите е да го искористите банкарскиот систем за да воведете коруптивно стекнато богатство и да го легитимизирате“, додава Бароу.

На крајот, целта на истражувачкото новинарство е да ги идентификува и разоткрие системските неуспеси. Во последните 20 години, Кредит Свис беше вмешан во повеќе од десетина големи скандали поврзани со корупција, даночно затајување, перење пари или други злосторства од страна на нејзините клиенти. Банката плати повеќекратни казни и постигна повеќекратни спогодби со властите, периодично ветувајќи дека ќе ги зајакне своите практики за усогласување. Но, скандалите продолжија.

„Единствениот начин на кој можеме да го промениме расипаниот корумпиран систем е преку новинарски напори да ја отсјаат вистината на начин на кој никој друг не може“, рече Бароу.

  1. Која е одговорноста на банката во однос на нејзините клиенти?

Новинарите разговараа со повеќе финансиски експерти, регулатори и банкарски инсајдери за да утврдат какви мерки на внимателност требаше да преземе Кредит Свис за да спречи преземање на сомнителни клиенти.

Рос Делтон, поранешен банкарски регулатор и американски адвокат, рече дека на високоризичните и политички влијателните луѓе не им е забрането да отвораат банкарски сметки, но мора да бидат предмет на засилена контрола. Потеклото на нивното богатство треба да се испита, а висок менаџер да го одобри нивното вклучување.

„Што се однесува до луѓето осудени за корупција, тоа е сосема друго ниво. Таму, прашањето треба да биде дали воопшто да се прифати клиентот “, вели Делтон.

Истото важи и за луѓето кои се осудени за обвиненија за трговија со дрога, кои се појавуваат на списоци со санкции или имаат истраги од Интерпол.

„Иако банките не сакаат да кажат не, тие треба да кажат не“, рече Делтон.

Други екперти објаснија зошто институциите како Кредит Свис би можеле да бидат склони да ги игнорираат овие норми.

„Банките може да направат пресметка дека ќе заработат повеќе пари од тој бизнис отколку од тоа што ќе се наруши нивната репутација“, рече Греам Бароу, специјалист за финансиски криминал.

Друго прашање кое е релевантно за банка со големина на Кредит Свис, е каков степен на одговорност треба да има кога презема клиенти.

Моника Рот, швајцарска адвокатка и правничка специјализирана за законодавството на финансискиот пазар и криминалот, рече дека нема официјален рок во однос на тоа кога банката мора да изврши проверки на новите клиенти кои доаѓаат од спојување/преземање. Но, банката сè уште е одговорна за ризикот за нивно услужување.

„Колку е поегзотично местото, колку е поподложно на корупција, колку е поранлива земјата на потекло или престој на клиентот, колку е поголем имотот што се внесува, толку побрзо треба да направите проверка“, рече таа.

„Вообичаено пред да се одобри спојување/преземање, треба да има опсежна длабинска анализа, вклучително и за ризиците од перење пари“, рече Маира Мартини од Транспаренси Интернешнл.

„Не е оправдано да се каже дека тие не биле свесни (за ризиците од перење пари) затоа што клиентите дошле од другата банка“, додава таа.

  1. Што треба да се промени?

Многу финансиски експерти консултирани за случајот со Kредит Свис и сомнителните клиенти сугерираа дека проблемот отишол подалеку од неуспесите на сопствената длабинска анализа на банката, укажувајќи на слабите регулативи во швајцарската банкарска индустрија.

Ерве Фалчиани, француско – италијански системски инженер заслужен за разоткривање на повеќе од 130.000 осомничени даночни затајувачи кои првенствено биле клиенти на швајцарскиот банкарски оддел на  ХСБЦ, беше категоричен во неговата изјава: „Системот е проблемот“.

„Дали гледате една недела без скандал, даночен скандал или скандал со перење пари каде што не се споменува Швајцарија?“ праша Себастијан Гекс, швајцарски историчар кој го проучувал банкарскиот сектор на неговата земја речиси четири децении.

Според експертите основниот проблем е во недоволната регулација и нејзиното неспроведување.

Џејмс Хенри, економист во Мрежата за даночна правда, објасни дека „основната казна“ за банките кои работат во Швајцарија е плаќање парична казна.

Но, „ова е само грешка“ што им ја пренесуваат на своите клиенти или нешто што тие го третираат како „трошок за водење бизнис“.

Кога Кредит Свис беше казнета со 2,6 милијарди долари од американското Министерство за правда поради, како што го опиша „заговор за помош на американските затајувачи на данок“ во 2014 година, самата казна можеше да се одбие од данок, посочи Хенри.

Никој не отиде во затвор, а никој не изгуби ниту лиценца.

„Некои извршни директори мора да одат во затвор“, додава Хенри.

Швајцарскиот закон го отежнува и новинарското известување за финансискиот криминал.

Членот 47 од швајцарскиот Закон за банкарство ги става новинарите во земјата во ризик да бидат кривично гонети дури и за поседување, а уште повеќе за објавување приватни банкарски податоци. Од таа причина, Тамедиа, швајцарски весник на кој му беше пристапено како партнер, избра да не се приклучи на меѓународното истражување.

„Овој закон е огромно ограничување на слободата на печатот во Швајцарија. Служи само за цензурирање и заплашување на медиумите. Законот може да ги заштити криминалците и нивните средства. Новинарите кои се обидуваат да ги разоткријат ризикуваат кривична постапка“, рече Артур Рутишауз, главен уредник на весникот.

  1. Како реагираше Кредит Свис?

Како одговор на деталната листа на прашања испратени од новинарите на Кредит Свис ја даде следната изјава:

„Кредит Свис силно ги отфрла наводите и заклучоците за наводните деловни практики на банката. Презентираните прашања се претежно историски, во некои случаи датираат уште од 1970 – тите, а сметките за овие прашања се засноваат на делумни, селективни информации извадени од контекст, што резултира со тенденциозни толкувања на деловното однесување на банката. Иако Кредит Свис не може да коментира за потенцијалните односи со клиентите, можеме да потврдиме дека се преземени дејствија во согласност со важечките политики и регулаторни барања во соодветните времиња и дека поврзаните прашања веќе се адресирани“.

„Како водечка глобална финансиска институција, Кредит Свис е длабоко свесена за својата одговорност кон клиентите и финансискиот систем како целина за да се осигура дека се почитуваат највисоките стандарди на однесување. Овие медиумски наводи се чини дека се заеднички напор да се дискредитира банката и швајцарскиот финансиски пазар, кој претрпе значителни промени во последните неколку години. Во согласност со финансиските реформи низ секторот и во Швајцарија, Кредит Свис презеде серија значајни дополнителни мерки во текот на последната деценија, вклучувајќи значителни дополнителни инвестиции во борбата против финансискиот криминал. Низ банката, Кредит Свис продолжува да ја зајакнува својата рамка за усогласеност и контрола, и како што разјаснивме, нашата стратегија го става управувањето со ризик во основата на нашиот бизнис“.

Кредит Свис исто така даде дополнителни одговори на неколку теми. По она што банката го опиша како „прелиминарен преглед“ на „голем обем на сметки“ за кои новинарите поставуваа прашања, банката забележа дека „повеќе од 90 проценти“ сега се „затворени или во процес на затворање“.

„Од преостанатите активни сметки“, напиша претставник на Кредит Свис, „задоволство ни е што беа спроведени соодветни испитувања, прегледи и други чекори поврзани со контролата“.

Претставникот напиша дека Кредит Свис има „строга политика на нулта толеранција кон даночно затајување“, „сака да се занимава само со клиенти кои се усогласени со даноците“ и „имплементирале бројни програми за даночно усогласување на клиентите кои опфаќаат повеќе јурисдикции“.

Осврнувајќи се на спречувањето на перење пари, претставникот напиша дека Кредит Свис има „воспоставени строги контролни механизми“ и „спроведува проверка на имињата во согласност со индустриските стандарди и при преземањето на клиенти, како и во однос на постоечките сметки“.

„Онаму каде што идентификуваме какви било односи кои би можеле да се користат за (перење пари) или друга недозволена активност, преземаме брза и решителна акција“, напиша претставникот.

Кредит Свис, исто така, наведе голем број иницијативи за управување со ризик кои „веќе се завршени или се во тек“ како дел од „целосен преглед на ризикот низ целата банка“ што се одржале во 2021 година.

Тие вклучуваат:

  • „Преглед на фундаменталниот ризик, испитувајќи како ризиците се проценуваат, управуваат и контролираат низ Групацијата“.
  • „Јасно дефинирање на улогите, одговорностите во сите оддели, бидејќи Kредит Свис продолжува да ги спроведува напорите за санација иницирани претходната година“.
  • „Развој на алатки и процеси за подобрување на деловната одговорност и сопственост како прва линија на одбрана за ризик и контроли“.
  • „Ревизија на процесот и структурата на компензација, со инкорпорирање на перформанси чувствителни на ризик и нефинансиски цели во картичките за подобрени резултати“.
  • „Поттикнување култура која ја зајакнува важноста на личната одговорност“.

Цитирајќи го швајцарското законодавство за банкарска тајна, банката не даде никакви одговори за конкретни клиенти кои новинарите ги идентификуваа како проблематични.

„Ќе продолжиме да ги анализираме работите и да преземеме дополнителни чекори доколку е потребно“, додаде претставникот на Кредит Свис.

 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.