Press "Enter" to skip to content

Адвокатот на Катица Јанева вели дека самиот одлучил да не ја брани

Стеван Павлески, досегашниот адвокат на Катица Јанева, вели дека одлуката повеќе да не ја брани Специјалната јавна обвинителка која што се наоѓа во притвор, ја донел самиот.

„Стеван Павлески не е човек кој прифаќа и трпи притисоци, одлуката ја донесов од лични причини и ниту е поврзана со судир на интереси, ниту со какви било притисоци, јас никогаш не сум имал притисок од кого било во мојата кариера“, вели Стеван Павлески во изјава на порталот Плусинфо.

Пред да биде приведена и одведена во притвор како третоосомничена во случајот Рекет”, Јанева на распит во Јавното обвинителство се појави со познатиот адвокат и поранешен државен јавен обвинител Стеван Павлески. Во јавноста се отворија прашања на евентуален судир на интереси бидејќи Павлески истовремено е и адвокат на еден од осомничените во случајот Империја“, случајот со кој што осомничените во Рекет” наводно изнудувале мито од контроверзниот бизнисмен Јордан Камчев, осомничен во истрагата на СЈО за перење пари.