Фирмата „Ексико“ која е под истрага на СЈО во случајот „Империја“ е еден од доверителите во стечајот на фирмата „Сис инвест груп“ на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Мистериозната фирма чиј имот и банкарски сметки се замрзнати бара наплата на долг од 1,7 милиони евра. Во изминатите години „Ексико“ стана сопственик или косопственик на повеќе фирми во Македонија, кои добиваа тендери од државни институции и субвенции. Вистинскиот сопственик и натаму останува…
Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба, а двоецот Боки 13 и Кичеец за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Тројцата обвинети се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“…
Таргет Тврдина е високопрофилен случај кој во судница го донесе човекот што важеше за недопирлив – Сашо Мијалков. Од спротивната страна, на столчето за сведоци, седи неговиот претходник во УБК – Зоран Верушевски. Едниот е повеќе мачо и бизнисмен, а другиот е смирен професор. И двајцата ја водеа институцијата со најлош демократски рејтинг во земјава и една од оние кои низ годините и отсуството на надзор акумулираше прекумерна моќ. Иако…
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е осомничена во т.н случај „Рекет“ денеска беше спроведена од истражниот затвор Шутка во Обвинителството за гонење на организиран криминал и е известена дека истрагата за слуачјот е завршена. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска рече дека Јанева ќе даде исказ откако ќе ги види доказите против неа. „Во четврток ќе има увид во доказите, а потоа ќе даде и исказ“, рече адвокатката Ирена Фрчковска. Вториот…

















