Press "Enter" to skip to content

Зоран Заев: Многу ми е драго што премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја конечно да добие датум за преговори

На денешниот самит во Солун,  премиерот Зоран Заев се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата Заев изјави дека побарал помош од Мицатокис, а тој се согласил да се бори за Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори за влез во Европската Унија. „Мене ми е многу драго што премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја, за да конечно го добие датумот за…

Вучиќ: Утре ќе се видам со Макрон, ќе го прашам за вас истото што ќе го прашам за нас

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба во Охрид најави посета на францускиот претседател Емануел Макрон на која ќе побара поддршка за проектот „Мал Шенген“. Вучиќ по состанокот на кој се дискутираше за регионална соработка на Западен Балкан рече дека со дозвола од премиерот Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, истото што ќе го праша Макрон за Србија, ќе го праша и за Македонија и Албанија. „Утре ќе се…

Заев: Не ни паѓа на памет влез во Евроазиската унија

Македонската влада ниту добила покана, ниту пак се размислува за приклучување кон Евроазиска економска унија, иднината на државата е во Европската унија, потенцираше денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Дел од медиумите објавија дека откако Северна Македонија и Албанија не ги почнаа преговорите со Европската унија, рускиот постојан претставник на ЕУ, Владимир Чижов упатил покана до двете земји за нивно пристапување во Евроазиската унија. „Нема таква покана, ако…

Заев: Ќе закочам малку со мојот оптимизам но дај боже што поскоро да се отворат преговорите

Неуспехот на самитот во Брисел државата да добие датум за старт на преговорите со Европската унија неодамна резултираше со договор помеѓу партиските лидери за нови петти во низа предвремени парламентарни избори. Заев на прес-конференција во саботата не го криеше своето разочарување од европските лидери кои не се согласија Македонија да ги започне пристапните преговори, по што најави избори пред кои на 3.јануари 2020 година ќе поднесе оставка од премиерската позиција.…